5 вежби за затегнување на различни мускули на стомакот

5 вежби за затегнување на различни мускули на стомакот

Стомакот е најчесто првото нешто коешто луѓето го забележуваат кај нас кога ќе накачиме некое кило вишок. Ви се зголеми обемот на средишниот дел од стомакот, или пак можеби ви се зголемија страничните „перничиња“ од премногу седење пред компјутер? Не грижете се, со помош на оваа илустрација, ќе знаете точно на која вежба треба најмногу да се посветите, за да ги стопите несаканите масти. Вежбите се на актерот и фитнес модел Адријан Џејмс.

5 вежби за затегнување на различни мускули на стомакот

1 вежба: Легнете на подлога за вежбање, при што горниот дел од грбот да ви биде поткренат, а дланките позиционирани под задникот. Исправете ги нозете и преклопувајте ги една преку друга, во форма на ножички. Види видео.

2 вежба: Лежејќи на подлогата за вежбање, префрлете го стапалото од десната нога врз коленото на левата нога и подигајќи го грбот, допрете го лакотот од левата рака, со коленото на десната нога. Потоа сменете ги позициите на нозете и лакотот и повторете ја вежбата. Види видео.

3 вежба: Лежејќи на подлогата за вежбање, поставете ги рацете кај слепоочниците, превиткајте ги нозете кај колената и подигајте го горниот дел од грбот. Види видео.

4 вежба: Легнете на подлога со горниот дел од грбот поткренат, а нозете исправени нанапред. Потоа движете ги нозете наизменично нагоре-надоле. Види видео.

5 вежба: Легнете на подлога, свиткајте ги нозете кај колената и во положба со поткрената глава и грб, допирајте ги петите со врвовите од прстите (лева рака со лева нога, и обратно). Види видео.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар