5 вежби што се добри за вашето ментално здравје и 4 што не се!

Вежбањето е активен начин да ги откриете вашите „супермоќи“. Некои од тие моќи се едноставни, како намален стрес и подолг живот. Но, вистинската убавина кај некои вежби е тоа што можат да ви помогнат во подобрување на менталното здравје. За да бидете во одлична физичка и ментална состојба, погледнете ги овие вежби.

ПОЗИТИВНИТЕ СТРАНИ НА ВЕЖБАЊЕТО

1. Трчањето создава нови мозочни клетки и може да го излечи мамурлакот

(1)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Трчањето е една од основните вежби и е неверојатно добар лек за мамурлак. Голем број истражувања покажале дека кога стаорците се вклучиле во кардио физички активности, како трчањето, после консумирање алкохол, нивните мозоци биле исти како на трезните стаорци.

2. Вежбањето карате е одлично решение за луѓето кои имаат проблеми со концентрацијата

(2)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Каратето е активност и за телото и за умот. Според ова, не е изненадувачки фактот дека борбените вештини помагаат при одржување на вниманието и создаваат чувство на дисциплина. Овој спорт е особено ефикасен за деца, бидејќи комбинацијата од медитација со координирани повторливи движења може да го отстрани проблемот со концентрацијата. Додека докторите се убедени за позитивните ефекти, тие сметаат дека каратето не може да ги излечи болестите како нарушувањето со недостаток на внимание и дефицит на внимание со хиперактивност. Оваа активност е всушност само добра превентива.

3. Пешачењето може да ја зголеми вашата креативност

(3)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Ако сметате дека вашата креативност е „блокирана“, прошетајте малку и ќе забележите дека блокадата ќе се тргне. Во 2014 година, доктори од Универзитетот Стенфорд откриле дека пешачењето ја зголемува креативноста за 60%. Резултатите биле исти без разлика дали испитаниците биле надвор, на отворено или внатре.

4. Вежбањето во интервали може да им помогне на оние кои страдаат од шизофренија

(8)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Вежбањето во интервали претставува интензивни и полесни вежби кои се менуваат наизменично, или пак, едноставно се прави пауза помеѓу вежбите. Овој вид вежбање е многу лесен, а здравствените придобивки брзо се забележуваат. Две неодамнешни истражувања покажале дека вежбањето во интервали ги намалува депресијата и анксиозноста кај луѓето со шизофренија. Исто така, овој вид вежбање ја зголемува позитивноста.

5. Танцување за мозокот кој „умира“

(4)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Аеробните активности имаат голема улога при превенција на ментални болести како Алцхајмеровата болест и деменцијата. Но, една активност која се покажала како многу ефективна е танцувањето. Танцувањето е стимулативно бидејќи е комбинација од слушање и движење. Истражувањата исто така покажале дека танцувањето го намалува ризикот од деменција поради неговата социјална природа.

НЕГАТИВНИТЕ СТРАНИ НА ВЕЖБАЊЕТО

1. Вежбањето може да создаде зависност

Вежбањето може да биде добар начин за справување со зависности, но истото може и да предизвика зависност. Бидејќи при вежбање се создаваат нови мозочни клетки, вам ви се зголемува капацитетот за учење. Позитивната страна е тоа што овие нови клетки ви создаваат нови можности за учење. Негативно е тоа што неактивните клетки може да се „закачат“ за некои активности кои создаваат зависност, а со ова доаѓа и лошо однесување. При вежбањето се создаваат и ендрофини кои може да предизвикаат зависност.

2. Долгите маратони ви го намалуваат мозокот

(5)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Поради тоа што се многу долги, овие маратони имаат негативен ефект. Ова претерано, понекогаш и неколкудневно трчање го намалува мозокот поради недостиг на стимулација. Причината за ова е гледањето во патот пред себе без промена на опкружувањето.

3. Јогата е опасна за луѓето со биполарно нарушување

(6)5-vezhbi-koi-se-dobri-za-vashet-zdravje-i-4-koi-ne-se-kafepauza.mk

Кај некои луѓе со ова нарушување јогата само ги зголемува нивните проблеми: Вежбите можат да предизвикаат депресија, нервоза и фрустрација.

4. Ако премногу вежбате, може да имате проблеми со депресијата

Group of people running on treadmills

Како вежбите што создаваат зависност и долгото трчање, претераното вежбање – синдром поврзан со вежбање повеќе отколку што може да издржи вашето тело – може да предизвика депресија. Вежбањето предизвикува промени во вашите хормони, а овие менувања можат да бидат причина за сериозна депресија. За среќа, претераното вежбање нема некој ефект кај оние што не вежбаат редовно, но овој проблем се појавува кај една третина од атлетите.

Погледнете и кое е најдоброто време за вежбање.

За авторот
Студент на Машински кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар