5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

Утринските навики кај поголемиот дел од луѓето се речиси исти. Најпрво сите се „фаќаме“ за телефонот, одвај стануваме од кревет, пиеме кафе, миеме заби и така натаму. Но, малкумина знаат дека постојат некои многу едноставни, но ефективни активности со кои почетокот на денот би ни одел многу полесно. Прочитајте за следниве 5 утрински ритуали и започнете да ги применувате и самите…

1. Масирајте ги ушите

5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

Масажата на ушите може да ви помогне да се разбудите. Ова можете да го направите наутро додека сѐ уште лежите во кревет. Стимулацијата на нежните делови од увото може да има позитивно влијание на вашата енергија и расположение.

2. Пијте чаша топла вода со лимон

5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

Постојат повеќе причини зошто првата утринска шолја кафе треба да ја замените со чаша топла вода. Тоа ќе ви ја подобри работата на дигестивниот систем и бубрези, ќе ви помогне да се ослободите од токсините во вашето тело и ќе ви го зголеми имунитетот. Овие придобивки ќе ги почувствувате веднаш. Не мора да цедите цел лимон за една чаша, туку една четвртина е доволно. Ако одлучите да го применувате ова, би требало да почекате 20-30 минути пред да појадувате.

3. Чистете го јазикот

5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

Сте знаеме дека треба да ги миеме забите два пати дневно. Но, не треба да заборавате дека голем број бактерии се собираат и на јазикот и токму тоа може да предизвика лош здив и да доведе до забен камен, расипување на забите и проблеми со непцата. За да го исчистите јазикот ви треба само обична четка за заби. Внимавајте да не го четкате премногу силно, бидејќи би можеле да ја оштетите површината на јазикот.

4. Јадете една лажица мед

5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

Медот ви дава енергија, ја стимулира вашата меморија и продуктивност, ги лечи кашлиците и ги олеснува симптомите на алергија. Поради сите овие причини и многу други, не постои сомнеж дека ако го започнете денот со лажица мед, нема да погрешите. Најдобро би било медот да е свеж и природен и би требало да го консумирате 15 минути пред да појадувате. Доколку ви е премногу благ, можете да го растворите во чаша вода, ефектот ќе биде ист.

5. Плакнете ја устата со раствор од хидроген пероксид

5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

Можете да го завршите утринскиот ритуал со тоа што ќе ја исплакнете устата со раствор од хидроген пероксид. Доколку се држите до правилниот однос 5-7 капки од 3-процентен раствор во 50 милилитри вода, не постои никаква опасност. Освен тоа, додајте го растворот во водата, а не обратно. Оваа процедура ќе ви помогне да ги избелите забите, да се ослободите од лошиот здив, како и да ги излечите и заштитите непцата.

Прочитајте ги и овие 8 утрински навики за попродуктивен ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар