5 трикови за зголемување на самодовербата кога ќе ви се појави сомнеж

5 трикови за зголемување на самодовербата кога ќе ви се појави сомнеж

Да се биде личност со непробојна самодоверба е навистина ретко, ако не и невозможно. Но кризата со самодовербата може да се појави во навистина погрешни моменти. Во тој случај, добро е да знаете неколку трикови кои ќе ви помогнат да се справите со овој проблем.

5 трикови за зголемена самодоверба кога ќе се појави сомнежот

Најдобро е за самодовербата да размислувате како за нешто на коешто постојано треба да работите. Добрите вести се дека ако научите да го контролирате сомнежот, ќе ви стане полесно. Овие трикови ќе ви помогнат да ја вратите самодовербата кога навистина имате потреба од неа.

1. Однесувајте се како да сте главни, дури и ако ви е навистина страв

Истражувањата покажале дека доволно е да изгледате полни со самодоверба за луѓето да ве доживуваат така. За овој трик најпрво фокусирајте се на држењето на вашето тело. Едно истражување од 2008-ма година објавено во „National Academy of Sciences“ го илустрирало ефектот на говорот на телото. Истражувањето покажало дека спортистите кои победуваат често имаат поотворен говор на телото за разлика од губитниците. Држете го вашето тело на начин кој покажува дека ќе успеете, дури и ако се чувствувате навистина несигурно. Подобрете го држењето на телото, гледајте го соговорникот во очи и одете на начин којшто покажува дека сè е во ред.

2. Запрете и средете ги вашите мисли

Сигурно се имате најдено во ситуација кога негативните мисли само продолжуваат да се нижат. Во овој случај запрете и размислете за тоа како размислувате. Ако на пример сте на состанок кој не оди добро, сигурно во главата си ги правите најлошите сценарија. Наместо тоа, потсетете се дека ако ништо друго, барем ќе научите нешто од тоа искуство.

3. Облечете се за улогата

Не е тајна дека добриот изглед ја зголемува самодовербата. Размислете што прави да верувате во себе, но исто така покажете дека се чувствувате така. Ако имате парче облека кое ви ја зголемува самодовербата, носете го без двоумење. Запомнете дека грижата за вашиот изглед е само за вас. Во едно истражување од 2016-та година се покажало дека 7 од 10 жени се чувствуваат со поголема самодоверба откако инвестирале време во грижа за себе. Па, потрудете се да изгледате најдобро што можете, ќе ви биде од помош.

4. Проба

Станете личноста која зборува со себе во огледалото бидејќи тоа ѝ годи на вашата самодоверба. Менталната проба е одлична за зголемување на самодовербата. Многу луѓе се чувствуваат несигурно бидејќи мислат на секој лош исход од ситуацијата. Не мора да ги отстраните овие мисли, туку размислете за нив и пробајте ги пред огледалото. Пробајте што би направиле доколку навистина се случи најлошото. Со ова ќе ви стане јасно дека и најлошо сценарио не е толку лошо.

5. Сомнежот сепак не е толку лош

Сомневањето во себе понекогаш е од помош и може да ви го олесни тешкиот период. Едно истражување од 2010-та година покажало дека атлетичарите кои почнувале трка со малку сомнеж, всушност постигнале подобри резултати. Наместо да го користите сомнежот за да создадете уште повеќе сомнеж, кажете си дека тоа чувство на страв е всушност механизам за мотивација.

Дознајте и како да изградите самодоверба за помалку од 5 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар