5 трикови за убавина кои можете да ги украдете од вашата баба

Иако денес има многу продукти за нега и убавина на пазарот, постојат некои испробани природни методи кои се користат со години, а нив ги тестирале дури и нашите баби. Многу од продуктите содржат разни хемикалии, скапи се и често не го даваат ефектот кој го ветуваат, па затоа сѐ повеќе девојки и жени одлучуваат да користат природни препарати кои самите ќе ги направат во кујната. Еве 5 за кои можете да ја прашате и вашата баба.

5 трикови за убавина кои можете да ги украдете од вашата баба

1. Набабрете ги тенките усни

Ако сакате вашите усни да изгледаат како оние на моделите од Викторијас Сикрет, постои краткотрајно, но мошне лесно решение за тоа. Земете прстофат цимет и помешајте го со малку вазелин. Протријте ја смесата на усните неколку секунди и потоа избришете ја. Циметот ќе ги набабри вашите усни бидејќи предизвикува блага иритација на кожата и стимулира поголем проток на крвоток кон површината. Па, кажете им „здраво“ на вашите прекрасни и привлечни усни. Можете да го направите ова пред излегување кога треба да одите на некој важен настан.

5 трикови за убавина кои можете да ги украдете од вашата баба

2. Измазнете ги распуканите усни

Секогаш треба да носите лабело кога излегувате на суво и студено време. Но, ако проблемот со распуканите усни не може да се реши на овој начин, обидете се мешавина од бадемово и кокосово масло. Нанесете ја нежно смесата на вашите усни. Оставете ја така во текот на ноќта и повторувајте го процесот 2 недели, а резултатот ќе го забележите по само неколку дена.

3. Дајте ѝ живот на безживотната коса

Не можете да си ја пуштите косата бидејќи врвовите постојано ви пукаат. Поправете го тоа со помош на ладно процедено маслиново масло кое ќе го нанесете на вашиот скалп. Завиткајте ја косата со жежок пешкир или со капа за туширање. По 2 часа или наредното утро, измијте го маслиновото масло со шампон и додадете малку оцет при последното миење. Овој процес може да се повторува двапати неделно. Можете да користите и ладно цедено кокосово масло или арганско масло.

5 трикови за убавина кои можете да ги украдете од вашата баба

4. За проблемот со првутот

Ако сте прекриени со првут, измешајте жолчки од јајце со ладно процедено маслиново масло и истријте ја смесата на скалпот. Оставете ја да стои еден час, па потоа шампонирајте ја косата. Придобивка плус од овој лек е што јајцата се како природен кондиционер, ќе ви ја направат косата сјајна, мека и свилена.

5. Отсранете ги дамките од лицето

Ако сте помеѓу оние несреќни девојки и жени кои често имаат проблем со мозолчињата, козјиот рог може да биде идеалното нешто за отстранување на сите дамки на вашето лице, дури и црнките, сувата кожа и брчките. За да ја направите маската, изгмечете неколку ливчиња од козји рог додека не добиете паста и потоа намачкајте ја во обилни количини на вашето лице. Правете го ова секоја вечер.

Ако имате чувствителна кожа, можете да направите хидратантна маска за лице со мешање на малку јогурт со авокадо или друго овошје и мед. Ставете ја маската на лицето. Исто така, добро е мешавината да ја ставите во фрижидер пред да ја нанесете на кожата за да биде посмирувачка и похидрирачка.

5 трикови за убавина кои можете да ги украдете од вашата баба


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар