5 трикови кои го поправаат и зајакнуваат видот

Проблемите со видот се вообичаена појава и со нив се соочуваат сите генерации. Познато е дека тие доаѓаат и со годините, но освен природата и генетиката, влошувањето на видот се должи и на секојдневните навики како читањето и работата на компјутерот кои ги уморуваат очите. За среќа, постојат неколку трикови и вежби со кои можете да ја зачувате диоптријата и да го подобрите видот.

5 трикови кои го поправаат и зајакнуваат видот

1. Очите треба да ги одмарате од компјутерот и телевизорот околу 3 часа дневно, особено ако забележувате дека погледот ви се мати, а очите сѐ почесто ве болат.

2. Кога ќе почувствувате умор во очите, затворете ги со прстите и нежно масирајте го капакот и делот околу нив.

3. Кога ќе почувствувате умор од компјутерот, гледајте низ прозорецот 2 минути, а погледот упатете го во далечина.

4. Кога ќе почувствувате умор и напнатост од напорната работа, пред спиење на затворени очи ставете млаки облоги од топла вода или чај од камилица.

5. Кога и да можете, направете ги следниве вежби за очи кои докажано го поправаат видот и ги одмараат и зајакнуваат очните мускули. Со погледот следете го правецот на стрелките, полека и внимателно. За најдобар резултат, повторувајте ги вежбите 3-5 пати.

5 трикови кои го поправаат и зајакнуваат видот

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар