5-те најчудни диети кои всушност се ефективни

Дебелината веќе е проблем кај поголем дел од населението, особено во земјите на западот. Намаленото движење, внесувањето брза и нездрава храна и отсуството на каква било физичка активност резултира со зголемување на телесната тежина. Многу често желбата за губење на килограмите резултира со нездрава и брза диета, со која се надевате дека брзо ќе ослабете. Оваа листа ги содржи 5-те најчудни диети и методи за слабеење кои сепак се покажале како ефективни.

1. Десерт за појадок

(1)5-te-najchudni-dieti-koi-vsuhnost-se-efektivni-kafepauza.mk

Сакате благо? Сигурно после ручек знаете да се почестите со сладолед или некое парче торта. Но дали некогаш сте јаделе десерт за појадок? Едно истражување открило дека дебелите возрасни кои сакале да ослабат би можеле да го постигнат тоа со појадок кој е богат со јаглехидрати, протеини и десерт. Истражувањето открило дека испитаниците не само што изгубиле околу 13 килограми после 4 месеци, туку продолжиле да слабеат и по завршувањето на програмата.

2. Пиво и колбаси

Homemade Bratwurst with Sauerkraut

Еден човек од Аризона, Ево Тера, бил толку вљубен во комбинацијата пиво и колбаси што решил 30 дена да го јаде само тоа. Крајниот резултат бил речиси 10 килограми помалку. Броејќи ги калориите, Тера дневно консумирал 1.500 калории од квалитетни колбаси и пиво. Според него, важно е да се јадат органски, квалитетни колбаси. Иако оваа диета има многу протеини, сепак недостигаат многу други хранливи материи.

3. Диета со бактерии

(3)5-te-najchudni-dieti-koi-vsuhnost-se-efektivni-kafepauza.mk

Што ако вашата склоност кон дебелеење зависи од бактериите во вашиот стомак, а не од исхраната? Оваа теорија е на доктор Рафаел Келман, и тој смета дека наместо на јаглехидратите и мастите, треба да ја насочиме нашата енергија кон лошите и добрите бактерии во телото. Според едно истражување, добрите бактерии помагаат во намалување на апетитот. За да го зголемите бројот на добри бактерии, додајте пробиотик во вашата исхрана, или пак пијте јогурт.

4. Диета со брза храна

(4)5-te-najchudni-dieti-koi-vsuhnost-se-efektivni-kafepauza.mk

Џаред Фогл цела година јадел само сендвичи од Subway, и тоа два пати на ден, и успеал да изгуби дури 100 килограми. Неговото импресивно слабеење го направи портпарол на Subway, но и инспирација за многу други. Неодамна, Кристин Хал од Вирџинија го направила истото, но нејзината диета траела 2 години. Таа ги искористила декларациите на кои бил напишан бројот на калории на секој оброк од Subway и успешно изгубила 34 килограми.

5. Диета со супа од зелка

(5)5-te-najchudni-dieti-koi-vsuhnost-se-efektivni-kafepauza.mk

Овој режим наликува на брза диета и трае 7 дена. Цела недела треба да јадете само супа од зелка. Многу од луѓето кои ја пробале оваа диета изјавиле дека изгубиле околу 5 килограми. Супата содржи кромид, зелени пиперки, домати, моркови, печурки, целер и се разбира, половина зелка. Оваа диета функционира бидејќи иако супата има многу малку калории, вие ќе се чувствувате заситено.

Погледнете и кои се најпопуларните диети и откријте која е совршена за вас.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар