5 тајни за убавина и нега од Марија Антоанета кои Французинките и ден денес ги користат

5 тајни за убавина и нега од Марија Антоанета кои Французинките и ден денес ги користат

Многу векови пред нашиот, па дури и пред нашата ера, жените обрнувале големо внимание на својата нега, се обидувале да пронајдат што е можно подобри начини за својата кожа и коса да ги направат помеки и поквалитетни. Добар пример за негувана жена е кралицата Нефертити од Стар Египет, жена која константно се грижела за својот изглед, бидејќи се капела во магарешко млеко, барала најдобра шминка и производи за нега за себе. На тој начин продолжиле и кралиците во светот кои дошле после неа, помеѓу кои била и Марија Антоанета, која имала неколку свои правила за нега и убавина и тајни заради кои секогаш изгледала беспрекорно и сите ѝ се восхитувале.

1-5-tajni-za-ubavina-i-nega-od-marija-antoaneta-koi-francuskite-devojki-go-koristat-i-den-denes-www.kafepauza.mk_

1. Таа самата се грижела за својата кожа

Марија Антоанета имала едно правило до кое секогаш се придржувала, а тоа е дека никогаш на никој друг не му ја препуштала негата и грижата за нејзината кожа, туку сето тоа го правела сама. Основата на сѐ било чистењето на нејзиното лице, но за тоа таа имала тоник со чуден состав, а бил создаден по рецептот на жените од Данска. Вода од лилјан, диња, краставица и лимон, во комбинација со бел сапун и трошки замрзнат гулаб – состојка која предизвикала контроверзија. Во комбинација со него користела и маска која и денес е популарна во Франција и која се користи повеќе од 200 години. Маската од коњак, суво млеко, лимонов сок и белка од јајце, била можеби најзаслужна за убавината на француската кралица.

2. Редовна хигиена

И додека сега би кажале дека овде нема ништо чудно, всушност за времето во кое живеела Марија Антоанета било чудно некој константно да се бања, бидејќи од разни причини се верувало дека тоа носи одредени болести. Меѓутоа, Марија била сосема чиста, често одела во голема када за да се одмори и опушти, а воедно и да ја негува целокупната кожа на своето тело, бидејќи водата во која се капела содржела и екстракт од бор, лен и оризова вода. Токму заради овие состојки нејзината кожа секогаш била мека и нежна.

3. Природна боја на косата

Иако во нејзиното време било популарно и обврска да се носат перики во сиво-руси нијанси, под сето тоа Марија била нежна русокоса и секогаш работела на тоа да ја направи својата коса поубава, посјајна и да има некоја подобра нијанса на руса коса. Во сето тоа успевала со додавање ѓумбир, куркума, сандаловина и некои други природни состојки кои инаку се користат за засилување на природната боја на косата и нејзиниот сјај.

2-5-tajni-za-ubavina-i-nega-od-marija-antoaneta-koi-francuskite-devojki-go-koristat-i-den-denes-www.kafepauza.mk_

4. Исплашено ги сокривала недостатоците

Денес лесно ги сокриваме недостатоците на кожата. Со различни видови подлоги, пудри, коректори кои лесно ги ублажуваат недостатоците или пак сосема ги прекриваат. Меѓутоа, со белилото и руменилото во времето на кралицата, било доста тешко да се направи таква магија особено бидејќи малите сипаници правеле големи проблеми заради белезите кои може да останат после нив. Затоа се измислило белезите да се сокриваат на интересен начин, односно со исцртување на облици како срца, ѕвезди, при што секој симбол имало одредено значење. Срцето на десниот образ означувало дека девојката е во брак, некои фигури покрај окото означувале страст, додека Марија Антоанета цртала фигури во аглите на усната, за да покаже дека има потреба некој да ја бакне.

5. Секогаш и секаде со парфем

Марија Антоанета била добро позната како жена која обожавала и барала секоја просторија во која се наоѓа да мириса добро. Заради сето тоа, па дури и кога немало парфем, барала колку што е можно повеќе во просториите да има цвеќе и миризливи води, а додавала и етерично масло. Дури и кога се нашла во ропство, со неа секогаш биле и мирисите, а дворецот во Версај низ историјата се памети како најмрзливото место во текот на нејзиниот живот.

Прочитајте ги и овие безвремени совети за убавина од прекрасната Џеки Кенеди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар