5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата

5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата

Секоја недела, а понекогаш и секој ден, вие се соочувате со разочарувања. Некои од нив се помали, а други поголеми, но како и да е, влијаат на вашите односи со семејството, на вашите финансии, како и на здравјето и довербата. Погледнете ги овие корисни стратегии кои ќе ви помогнат поефикасно да се справите со разочарувањата кои ви доаѓаат во животот.

5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата

1. Земете длабок здив

Кога ќе слушнете разочарувачки вести, вие станувате напнати. Тогаш ве стегаат рамената, чувствувате притисок во лицето и целото ваше тело станува позатегнато. Овие физички реакции треба да ви служат како потсетник дека треба да земете длабок здив. Оние кои медитираат или практикуваат јога, знаат колку важно може ова да биде. Ослободете се и вдишете длабоко пет пати, па веднаш ќе забележите проток на кислород во целото ваше тело, помагајќи ви да се смирите.

2. Излезете во природа

Кога ќе слушнете нешто што ве разочарува, излезете и практикувајте активности на отворено. Можете да отидете на планина, каде што ќе имате многу придобивки. Сонцето ќе ви биде како терапија за вашето тело, а исто така ќе имате можност да сретнете и некои животни кои ќе ви го одвлечат вниманието од случувањата. Природата е мудар учител кој може да ве научи како да се смирите и да ги промените своите перспективи.

3. Зборувајте со вашиот пријател

И да имате само еден добар пријател, тоа е доволно. Без разлика дали ќе зборувате преку телефон, во живо или на друг начин, самото изразување на вашите чувства на некое друго лице, ќе ви биде од голема помош. Бидете благодарни ако имате вакви пријатели!

5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата

4. Одморете се

Понекогаш вашите фрустрации може да станат поголеми, токму поради тоа што сте премногу уморни. Затоа, дајте му го потребниот одмор на вашиот ум. Одморот не е знак на мрзеливост, туку тоа е здрава навика која ви помага да го достигнете вашиот највисок потенцијал. Дури и кратка дремка од 20 минути може да ја подобри вашата метална состојба и да му помогне на вашето тело да се регенерира и да ја врати потребната сила.

5. Оставете ги работите да се случуваат

Ова е најтешкото: Да верувате дека разочарувањата го отвораат вашиот пат кон успехот. Дали верувате дека постои причина за сѐ? Тешко е да се запамети, но треба да го вежбате вашиот мозок дека после бурата, секогаш се враќа сонце. После зима, секогаш доаѓа пролет. Ќе дојдат подобри времиња и за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар