5 старомодни љубовни правила поради кои не можете да си најдете партнер

5 старомодни љубовни правила поради кои не можете да си најдете партнер

Долго време владеело мислењето дека ако сакате да најдете добар партнер, мора да глумите недостижни. И ден денес многумина веруваат дека девојките никогаш не треба први да им се јавуваат на момците, дека не треба да разговараат на телефон повеќе од 10 минути и дека не смеат да прифаќаат понуди за љубовни состаноци направени во последен момент. Иако мора да признаеме дека некои од овие правила треба да се почитуваат, ако се држите премногу строго до нив, ризикувате да пропуштите одлични момци.

5 старомодни љубовни правила поради кои не можете да си најдете партнер

Живееме во модерно општество каде што жените не треба да очекуваат од мажите само тие да се трудат во врската, да планираат љубовни состаноци и да ги преземаат сите чекори. Ова се старомодните љубовни правила на кои треба да заборавите доколку сакате да пронајдете вистинска љубов…

„Немојте да имате секс“

Ново правило: Имајте секс доколку сакате.

Сексот на првиот љубовен состанок може да се претвори во долга и прекрасна љубовна врска. Физичката интимност игра голема улога во врските. Доколку чекате премногу долго за да имате секс со дечкото кој ве интересира само затоа што следите некои глупави правила, можете да го нарушите природниот тек на врската. Секако дека не треба да спиете со сите мажи со кои ќе излезете на љубовен состанок, но доколку почувствувате силна поврзаност со некого, немојте намерно да се воздржувате само поради некое старомодно правило што мислите дека мора да го следите.

„Немојте први да му пишете порака“

Ново правило: Пишете му доколку сакате.

Момците ги имаат истите емоции како и девојките. И тие се нервозни, несигурни и исплашени дека нема да ви се допаднат. Доколку сте си поминале убаво на состанокот, пратете му порака за да му го дадете тоа до знаење. Ако мислите на него во текот на денот, кажете му го тоа. Што е најлошото нешто што може да се случи? Тој ќе помисли дека сте самоуверена, љубезна личност која е навистина заинтересирана за него. Тоа е многу подобро отколку да се преправете дека сте недостижни и недостапни. Постои разлика помеѓу покажувањето интерес и додевањето. Ако научите правилно да комуницирате, не е важно кој ќе пише прв.

5 старомодни љубовни правила поради кои не можете да си најдете партнер

„Не прифаќајте планови направени во последен момент“

Ново правило: Бидете спонтани.

Понекогаш дечкото со кого се допишувате може да ви понуди да излезете веднаш во моментот. Излезете. Средбите во живо се многу подобри од допишувањето. Ако постојано ги одбивате плановите направени во последен момент, може да оставите впечаток на личност која не е спонтана и не сака авантури. Во реалниот живот плановите постојано се менуваат.

Понекогаш ќе завршите порано со работа и ќе посакате да ја видите личноста на која сте мислеле цел ден. Зошто би ја пропуштиле таа можност само поради некои старомодно љубовно правило? Меѓутоа, доколку дечкото постојано прави планови со вас во последен момент, можеби нема намера да започне нешто сериозно со вас. Вашата врска треба да содржи комбинација од испланирани љубовни состаноци и спонтани излегувања.

„Мажите треба секогаш да плаќаат“

Ново правило: Поделете ја сметката.

На првиот љубовен состанок треба да му дозволите на мажот да плати. Но, по првиот љубовен состанок или првите неколку, учтиво е да го отворите паричникот и да се понудите вие да платите. Ако дечкото плаќа на секој состанок, тоа ѝ дава чудна динамика на врската во која делува како мажот да ви дава пари за да биде со вас. Доколку и двајцата заработувате приближно иста сума на пари, поделете ја сметката.

„Не им дозволувајте на мажите да ги покажуваат чувствата“

Ново правило: Дозволете им на мажите да бидат ранливи

Ако ја поддржувате старомодната поделба на половите улоги во врската, тогаш веројатно не му дозволувате на партнерот целосно да ги покаже неговите емоции. Но, мажите треба да се отворат емоционално и да бидат ранливи. Иако можеби барате цврст и силен маж, не заборавајте дека сепак ви треба партнер кој ќе биде доволно чувствителен за да ве разбере.

Во продолжение, прочитајте ги следниве љубовни правила за новото доба кои не ви ги кажала мајка ви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар