5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

Кога треба да се исчисти некоја тврдокорна дамка во домот, подготвени сме да комбинираме неколку различни средства за чистење со цел полесно да го решиме проблемот.

5-sredstva-za-chistenje-koi-ne-smeat-da-se-kombiniraat-zaedno-kafepauza.mk

Експертите предупредуваат дека употребата на некои хемиски средства може да е оправдана и сигурна само доколку не се мешаат со слични производи.

1. Две различни врсти на средства за чистење одвод

Геловите за чистење на одводот содржат јаки хемикалии кои ефективно ги убиваат бактериите, но доколку со едно чистење не се отстрани непријатниот мирис или запушувањето, тогаш подобро е да повикате водоводџија, отколку да комбинирате два или повеќе различни производи.

2. Хидроген пероксид и алкохолен оцет

Комбинацијата на хидроген пероксид и оцет често се користи за дезинфекција на површините во кујната. Иако станува збор за релативно сигурна мешавина, експертите препорачуваат да не ги мешате во ист сад поради тоа што се создава пероцетна киселина која може да ја иритира вашата кожа, очите и вашиот респираторен систем.

3. Белило и алкохолен оцет

Во теорија, оваа комбинација изгледа моќно кога се работи за отстранување на бактериите од површините во домот, но во пракса се создава гасовит хлор кој во мали количини предизвикува кашлица, проблем со дишењето и насолзени очи.

4. Белило и амонијак

Амонијакот е честа состојка во средствата за чистење на стаклата и прозорите. Научниците препорачуваат да не ги мешате со белилото, затоа што оваа комбинација создава хлорамин. Овој гас има слични последици по човечкото тело како гасовитиот хлор. Предизвикува болки во прстите и недостаток на кислород во белите дробови.

5. Белило и медицински алкохол

Ова е уште една комбинација во низата што предизвикува потешкотии во дишењето, па затоа се советува белилото никогаш да не го мешате со други хемиски средства, туку само со вода.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар