5 совети кои ќе ве спасат од бјути катастрофа во текот на работниот ден

Седите неколку часа на канцелариското столче и по некое време одите во тоалет. Таму, што да видите… вашата шминка растопена, лицето изморено и безживотно. Се прашувате како можеше ова да се случи кога добро се потрудивте околу шминката утрово. Што се случило, се случило, време е да го средите хаосот.

0-kazete-zbogum-na-topenjeto-na-sminkata-5-soveti-koi-ke-ve-spasat-od-bjuti-katastrofa-kafepauza.mk

1. Впивање на маснотиите од лицето

Во текот на работното време во кожата се создаваат многу маснотии, особено во летниот период поради зголемените температури. Затоа употребувајте марамчиња кои го впиваат вишокот маснотии од кожата. Тие ќе ви ги прочистат порите и ќе ви ја направат кожата чиста и мазна.

2. Третирање на уморните очи

Ако голем дел од времето го поминувате пред компјутер, не е ни чудо што изгледате како тинејџер кој по цели денови игра видео игри и јаде нездрава храна. За да го сокриете уморот од вашите безживотни, крвави очи, употребете вештачки солзи со што инстантно ќе ги освежите и ќе им дадете сјај. Ако сѐ уште има знаци на умор нанесете тенка линија течен црн ајлајнер на горниот капак. Тоа ќе ги скрие проблематичните делови, а вие ќе изгледате посвежо и одморено.

3. Освежување на сувата кожа

Користете спреј за лице и прскајте додека не се освежите целосно. Вака ќе добиете ефект како да сте биле во спа, а не на работа.

4. Покривање на темните кругови и црвенилото

Квалитетниот коректор може да направи магии кога станува збор за покривање на темните кругови околу очите. Секогаш носете мал коректор во стик со вас за да ги прикриете црвените точки на лицето и темните кругови под очите. Нанесете го на проблематичните регии како делот околу носот и под очите за да го изедначите тенот на кожата и да добиете инстант енергичен изглед.

5. Оживување на безживотниот тен

Никогаш не ја потценувајте моќта на руменилото за оживување на уморната, безживотна кожа. Сите руменила се во ред, но најдобри и најпрактични се оние во стик. Важно е да има добра пигментација на кожата и да ви одговара со тенот.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар