5 смртни гревови во возењето и како истите да ги избегнете

Во светот секоја година се случуваат повеќе од милион сообраќајни несреќи. Многу луѓе ги губат своите животи во нив, а некои остануваат осакатени за цел живот. Причините за тие трагични последици многу често се кријат во арогантните потези на возачите. Некои од најопасните навики може да се поправат и тоа доста лесно. Ова се 5 лоши особини кои ги имаат поголемиот дел од возачите, а кои сигурно може да ги избегнат.

1. Бес зад воланот

Сигурно сте имале прилика да се возите со личности кои по природа се исклучително мирни, но во автомобилот се претвораат во бомба полна со бес и пцујат сѐ што ќе им се најде на патот. Да не сте, можеби, и вие еден од нив? Бесниот возач е несигурен возач. А зошто сме толку лути? Факт е дека додека се возиме, другите возачи за нас се анонимни и сокриени во своите автомобили. Тоа нè води во ситуација да ги дехуманизираме. Тоа подобро би можело да се спореди со луѓето на Интернет кои се зад мониторот и тастатурите ги претвораат во негативни и зли. Тоа до некаде може да се исправи со тоа што ќе возите со уште некој патник. Не дека секогаш успева, но може да помогне. Запомнете го и овој совет – кога ќе ве стигне лутината, смирете се и дишете длабоко.

2-kako-da-gi-izbegnete-pette-smrtni-grevovi-vo-vozenjeto-www.kafepauza.mk_

2. Поспаност

Сите знаат дека пијанството е опасно, бидејќи алкохолот ги забавува реакциите кои се потребни за да возите безбедно. Ретко кој спомнува дека поспаноста создава слични проблеми. Истражувањата утврдиле дека сонливите возачи драстично ја зголемуваат веројатноста дека ќе дојде до фатална несреќа и дека младите луѓе се доста често виновни за тие сообраќајни несреќи. Ако сте уморни, не двоумете се да запрете и да се одморите. Спиењето во автомобилот не е пријатно како во креветот, но сепак е подобро отколку никогаш повеќе да не се разбудите.

3-kako-da-gi-izbegnete-pette-smrtni-grevovi-vo-vozenjeto-www.kafepauza.mk_

3. Поминување на жолто светло

Жолтото светло не значи „забрзај за да го избегнеш црвеното светло“. Тоа значи „намали“. Иако забавувањето на жолто и да бидете први во колоната на црвено ви делував глупаво, проблемот со забрзувањето е што ве поттикнува да дадете гас до последен момент, што го зголемува ризикот за погрешно да го процените времето и да поминете на црвено. Дури и ако ја избегнете сообраќајната несреќа, со таквото однесување е само прашање на време кога ќе ве запре полиција и ќе ви напише казна.

4-kako-da-gi-izbegnete-pette-smrtni-grevovi-vo-vozenjeto-www.kafepauza.mk_

4. Попречување во текот на возењето

Не зборуваме само за мобилните телефони. Која било активност како јадењето и разговорот може да го одвлече вашето внимание и да го зголеми ризикот за несреќа. Всушност, еден од најчестите фактори за попречување во текот на возењето се обидите на децата и родителите да направат нешто кое ниту малку не е соодветно во сообраќајот. Растроеното возење предизвикало 400.000 повреди во 2009-та година само во САД, но и тоа не е несовладливо. Оставете го телефонот. Ако нешто е навистина итно, запрете покрај патот и завршете го разговорот. Фокусирањето на само една работа претставува клучот на сигурноста.

5-kako-da-gi-izbegnete-pette-smrtni-grevovi-vo-vozenjeto-www.kafepauza.mk_

5. Сигурносни појаси

Модерните автомобили имаат повеќе безбедносни карактеристики отколку кога било порано, но ништо не може да ви го спаси вашиот живот подобро од сигурносниот појас. Запомнете, воздушното перниче не е замена за сигурносниот појас. Исто така, многу луѓе мислат дека се „големи“ за врзување или се извлекуваат дека појасот им е неудобен. Ако не сте навикнати да го врзувате појасот, започнете да се навикнувате. Ставајте го постојано, дури и кога само е потребно да го поднаместите вашиот автомобил за половина метар. Тоа полека ќе ви се претвори во навика.

6-kako-da-gi-izbegnete-pette-smrtni-grevovi-vo-vozenjeto-www.kafepauza.mk_

Заклучок:

Опуштете се и останете фокусирани. Безбедното возење не е толку недостижно. Сѐ што е потребно е да се фокусирате на патот, да не дозволувате да ве попречуваат другите работи и да се обидете да бидете одморени пред да влезете во автомобилот. Сето тоа помага да останете живи и да не се претворите во црна статистика.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар