5 ситници кои можат да ви ја уништат врската

5 ситници кои можат да ви ја уништат врската

Иако голем број врски се раскинуваат поради големи проблеми, како неверство и слично, сепак не е за занемарување ниту бројот на врски кои се раскинуваат поради невнимание и ситници. Ситниците и тоа како можат да ја расипат врската. Кога ќе се наталожат многу ситници доаѓа до чести несогласувања кои потоа тешко се решаваат. Доколку сакате да си го зацврстите односот со вашиот партнер, поработете на следниве работи.

Пет ситници кои можат да ви ја уништат врската

Недостаток на внимание

Кога на партнерот не му посветувате доволно внимание, оставате впечаток дека не сте заинтересирани. Одредено време, партнерот ќе го толерира ваквото однесување, но многу е веројатно со тек на време да почне идентично да се однесува, со што односите ќе ви се заладат.

Работи од минатото

Враќањето на проблеми од минатото може да доведе до намалување на блискоста. Секоја следна кавга влече спомени од претходната, што значи двојна опасност за вашиот однос. Решавајте ги проблемите навреме и докрај, за да ја избегнете оваа опасност.

Наметнување правила

На почетокот секој партнер попушта, верувајќи дека работите со тек на време ќе омекнат. Но, кога ќе сфати дека од промените нема ништо, почнува да полудува. Некогаш вашиот партнер ќе биде во право, некогаш вие. Што побрзо го прифатите тоа дека не може еден од вас постојано да е во право, толку подобро. Компромисот е најдобро решение, па потрудете се да го најдете навреме.

Упаѓање во збор

Иако често за ова никој нема лоша намера, оваа навика и тоа како знае да го фрустрира другиот партнер, особено доколку често се случува пред други луѓе. Дури и доколку не се согласувате со тоа што го збори другиот, оставете му на партнерот да доврши. Покрај тоа што е непристојно, оставате впечаток дека неговото мислење не е важно.

Физичко запуштање

Секоја добра врска има своја магија, но при уживањето во неа припазете да не западнете во рутина, која често знае да депримира. Грижете се еден за друг, заведувајте се и покажете дека сè уште имате мотив да се трудите за партнерот. Не сакате да станете само пријател или цимер со вашиот партнер нели?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар