5 силни причини зошто би требало да читате секси приказни

5 силни причини зошто би требало да читате секси приказни

Романтичната еротика кај повеќето жени побудува чиста и силна радост. За разлика од мажите кои најчесто реагираат на она што го гледаат, жените се возбудуваат од емоционалната стимулација. Токму затоа доколку сакате да го зачините вашиот сексуален живот, треба веднаш да почнете со читање секси приказни…

5 силни причини зошто би требало да читате секси приказни

1. Ќе ја вратите вашата сексуална енергија

Читањето романтична еротика го активира телото, умот и душата. Тоа ќе ви го стави сексот во прва линија и вие брзо ќе заборавите на вашата улога како жена, мајка, работник или работодавач и веднаш ќе се префрлите во вашата сексуална фантазија. Читањето задоволителни љубовни сцени ќе ги измеша вашите емоции, кои се директно поврзани со вашето либидо, започнувајќи во вас емоционална предигра.

2. Ќе го засилите сексуалното задоволство со фантазија

Вие секако нема да се вклучите во тројка, четворка или петорка, на јавно место каде што би можеле да бидете видени во секој момент (или можеби грешиме?), но доколку читате за вакви сексуални настани вие ќе разбудите различни видови палавост во вашата спална соба. Истражувањето на вашите фантазии ќе го подобри и вашето задоволство и задоволството на вашиот партнер. Со помош на овие приказни создадете зона каде што сè е дозволено, забавно и исполнето со задоволство.

3. Ќе научите нови трикови

Интелигентните девојки кои ги пишуваат овие приказни ни покажуваат прекрасен увид во здравата сексуална комуникација помеѓу партнерите. Тие исто така знаат и точно како работи мозокот на жените, па немаат проблем лесно да нè одведат таму. Од друга страна пак, можете да научите многу нови трикови и пози кои и самите подоцна би можеле да ги испробате со вашиот партнер.

4. Ќе се чувствувате одлично

За оние дами кои се потпираат на факти и статистика, истражувачите откриле дека жените кои читаат романтични новели имаат и до 74% повеќе секс од жените кои не го прават тоа. Кога жените фантазираат често (како што го прават тоа додека читаат еротични новели), тие не само што имаат секс често, туку истовремено и многу повеќе се забавуваат во креветот, бидејќи се вклучуваат во разновидни еротски активности.

5. Среќен крај

Доколку ви е здодеано да ги читате сите оние приказни кои се движат по истиот образец и кои на крај на некој начин ви прават да се чувствувате депресивно и истоштено, тогаш можеби дефинитивно е време да преминете на романтична и еротска приказна. Во овие книги вие секогаш ќе доживеете среќен крај, кој ќе ви делува како хедонистичко бегство од реалноста, но од кој постојат големи психолошки придобивки и силно емоционално задоволство кое понатаму ќе го пренесете и врз вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар