5 сигнали кои откриваат дека ви е потребна дигитална детоксикација

Дали некогаш сте се почувствувале лошо после гледањето туѓи фотографии на Инстаграм? Можете ли да се присетите како изгледал вашиот живот претходно, во ерата без грижи за тоа колку лајкови ќе добиете на Фејсбук? Дали можете да замислите да не поминете ни две минути средувајќи ја фотографијата пред да ја објавите? Дали некогаш се запрашувате каков би бил животот без социјалните мрежи?

1-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_

Најважното од сите прашања кое треба да си го поставиме во врска со влијанието кое социјалните мрежи го имаат над нашиот живот е следното: „Дали уживам во споделувањето содржини на социјалните мрежи, склопувањето нови онлајн познанства и конверзациите со непознати луѓе?“ Ако вашиот одговор е „Не“, можеби е вистинско време за дигитална детоксикација. Доколку не сте сигурни, тогаш проверете дали можете да препознаете кај себе неколку од следните сигнали кои укажуваат на тоа дека дошол моментот кога треба да исчезнете од социјалните мрежи, барем на некое време.

1. Чувствувате болка во зглобовите, грбот и вратот

Замижете неколку минути и слушајте го вашето тело. Чувствувате ли некаде болка и напнатост? Заземате ли неприродна положба додека го користите телефонот, таблетот или компјутерот?

2. Чувствувате дека имате потреба да отидете некаде, само за да го покажете тоа на социјалните мрежи

Сега се враќаме на прашањето од почетокот на текстот. Се чувствувате лошо или несигурно споредувајќи го вашиот живот со Инстаграм профилите на луѓето кои ги следите? Забележувате дека станувате љубоморни, вознемирени или едноставно иритирани додека ги гледате туѓите фотографии? Доколку сте започнале да го споредувате вашиот живот со животот на другите, наместо нивните фотографии едноставно да ве инспирираат, можеби е вистинско време да размислите дали социјалните мрежи ви помагаат или одмагаат во животот.

3-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_

3. Потребно ви е повеќе од половина час за да ја „дотерате“ објавата

Освен ако е во прашање навистина долга објава, најверојатно е дека само премногу размислувате за неа. Дали сте под стрес кога ја поставувате вашата содржина на социјалните мрежи? Какво е чувството доколку цел ден не ги користите социјалните мрежи? Ако она што го поставувате не е автентичен одраз на вашата личност, туку го трошите времето за да креирате некаква совршена онлајн личност, време е за преиспитување. Зошто го правите тоа?

4. Поради социјалните мрежи ги занемарувате другите обврски

Колку време всушност поминувате на социјалните мрежи? Постојат ли некои други точки на вашата листа на „уживање и опуштање“, кои никако не успевате да ги реализирате? На пример, излегување на кафе со пријателката од средно, одење на масажа, книги кои не стигнувате да ги прочитате?

5. Чувствувате дека не го правите тоа што го сакате

Дали социјалните мрежи ве усреќуваат, ве инспирираат, ве поврзуваат со вашата цел и градат навистина задоволувачки односи со луѓето кои ви се допаѓаат? Доколку тоа не е така, што е тоа што треба да си го дозволите за да ја почувствувате вашата вистинска вредност, за на она што го правите, и на луѓето околу вас, да можете неизмерно да им ја дадете вашата љубов?

Целта на вашите одговори на овие прашања не е да ве наведат целосно да се исклучите од дигиталниот свет, што во денешно време е скоро невозможно, туку пред сѐ да проверите што е она што вашето срце навистина го сака. Дигиталната детоксикација може да биде едноставен процес, на пример, да не ги користите социјалните мрежи во текот на еден ден, или може да потрае подолго, како на пример, недела или месец. Важно е тоа да биде она што ќе одговара на вашите вредности и погледи на светот.

2-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар