5 сензуални секс пози за подолготрајно водење љубов

Ако сакате вашиот сексуален однос да трае подолго и да изобилува со емоции и страст, тогаш ви ги препорачуваме следниве 5 сензуални секс пози со чија помош ќе го продолжите траењето на самиот сексуален акт додека истовремено ќе се погрижите и двајцата неизмерно да уживате.

1. Секси лулкање

(1) 5-senzualni-seks-pozi-za-podolgotrajno-vodenje-ljubov-www.kafepauza.mk

Легнете на страна, гледајќи се еден со друг. Ставете ги горните нога и рака околу вашиот партнер и лулкајте го напред-назад. Ова ќе ја направи стимулацијата помалку интензивна за него додека истовремено ќе ви даде контрола на ритамот. Тој е задолжен за играње со вашите гради и за помош при користењето на омилениот вибратор. Супер интимна поза што предизвикува неверојатни чувства.

2. Невозможна мисионерска

(2) 5-senzualni-seks-pozi-za-podolgotrajno-vodenje-ljubov-www.kafepauza.mk

Ако копнеете за традиционалното мисионерско искуство со сите погледи вклучени, тогаш слободно искористете ја оваа секс поза. Единствената промена што треба да ја направите е да користите подебел презерватив (барајте ги зборовите „екстра цврстина“ или „продолжено уживање“ на пакувањето).

3. Аларм за предупредување

(3) 5-senzualni-seks-pozi-za-podolgotrajno-vodenje-ljubov-www.kafepauza.mk

Клекнете над неговиот скут, гледајќи кон неговите стапала. Преземете ја целата контрола околу движењето и во истиот момент штом ќе помислите дека тој ќе доживее оргазам, нежно (повторуваме: многу нежно!) повлечете му ги тестисите, а потоа опуштете ги и продолжете. Можете да го повторувате ова сè додека нему му е удобно.

4. Лажици за мерење

(4) 5-senzualni-seks-pozi-za-podolgotrajno-vodenje-ljubov-www.kafepauza.mk

Вие сте помалата лажичка, а тој поголемата. Раширете ги нозете и свртете ги кон него, за да можете да го повлечете поблизу до себе. Движењето ќе предизвика големо возбудување кај него, па затоа одберете ритам што ќе вклучува забавувања и паузи. Тој може да ја постави раката над вашата вагина, за при движењата да ви овозможи дополнителна стимулација.

5. Испрекината кучешка поза

(5) 5-senzualni-seks-pozi-za-podolgotrajno-vodenje-ljubov-www.kafepauza.mk

Менувањето секс пози влијае како ресетирање на возбудата. Најдобриот начин да преминете од една во друга кучешка поза е доколку почнете на сите четири, со колената раширени. Кога тој ќе почувствува дека е при крај, доволно е да седне наназад на нозете, повлекувајќи ве кон себе. Искористете ја можноста да се допирате, додека тој се „лади“ и потоа почнете од почеток.

Погледнете ги и овие 5 возбудливи секс пози за интроверти и нивните партнери.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар