5 секс пози што овозможуваат полесен пристап до Г-точката

Во светот на оргазмот (звучи како одлично место, се согласувате?), ако на жената најдобрата пријателка ѝ е клиторисот, тогаш Г-точката е онаа пријателка што живее надвор од градот и поретко доаѓа во посета, но кога ќе дојде – создава незаборавна ноќ! Со други зборови, не можете редовно да се потпирате на Г-точката, но кога ќе се пресретнете, ќе се чувствувате како никогаш претходно.

(1) 5-seks-pozi-shto-ovozmozhuvaat-polesen-pristap-do-g-tochkata-www.kafepauza.mk

Таа всушност е дел од целата структура на вашиот клиторис, што се протега околу 12 сантиметри во внатрешноста на вагиналниот канал. И покрај тоа што Г-точката е различна кај сите, таа најчесто се наоѓа од 2,5 до 5 сантиметри во внатрешноста на вашата вагина, на предниот ѕид. Бидејќи крвта се насобира во оваа област при односот, колку сте повозбудени толку полесно ќе можете да ја најдете.

Иако повеќето жени ретко можат да доживеат оргазам предизвикан од стимулација на Г-точката, сепак тоа не значи дека не треба да се обидувате. Во најлош случај, вашата утешна награда ќе биде жежок секс! Во продолжение ви ги претставуваме најдобрите секс пози што ви овозможуваат полесен пристап до мистериозната Г-точка…

1. Нежна прегратка

(2) 5-seks-pozi-shto-ovozmozhuvaat-polesen-pristap-do-g-tochkata-www.kafepauza.mk

Како да ја изведете: Легнете во позиција на прегратката позната како „лажичка“ така што тој ќе биде зад вас, односно „поголемата лажичка“, а вие свиткајте ги нозете малку за да му дозволите полесен пристап до вагината.

Зошто успева: Оваа позиција овозможува совршен агол за неговиот пенис да го достигне предниот ѕид каде што се наоѓа Г-точката. За дополнително да му помогнете да ја погоди точната област, можете да се навалите нанапред и да се туркате од таму кон него. Сакате двојна забава? Оваа позиција дозволува лесен пристап и до клиторисот, па користете ги вашите раце или вибратор за прво да достигнете клиторички оргазам – ова ќе повика повеќе крв во предниот дел од вагината, предизвикувајќи областа околу Г-точката да потече, правејќи ја поголема и полесна за стимулација. На тој начин вториот оргазам ви е гарантиран!

2. Отвори се, Сезаме

(3) 5-seks-pozi-shto-ovozmozhuvaat-polesen-pristap-do-g-tochkata-www.kafepauza.mk

Како да ја изведете: Легнете на левата страна, а тој нека се намести меѓу вашите нозе. Свиткајте ја десната нога околу неговата половина.

Зошто успева: Вие ќе бидете природно поопуштени во оваа позиција, па тој ќе ја контролира целата акција. На овој начин можете да се фокусирате да го водите кон вашата Г-точка.

3. Отворете го багажникот

(4) 5-seks-pozi-shto-ovozmozhuvaat-polesen-pristap-do-g-tochkata-www.kafepauza.mk

Како да ја изведете: Легнете на вашиот стомак, со нозете исправени и колковите подигнати (поставете една или две перници под вас ако имате потреба од тоа). Дозволете му да пенетрира во вас од позади.

Зошто успева: Оваа верзија на кучешката поза овозможува подобар агол за тој да пристапи до предниот ѕид. И покрај тоа што тој е одговорен за движењата во оваа поза, вие лесно можете да го наместите аголот така што ќе ги подигнете колковите повисоко или ќе ги спуштите надолу.

4. Љубов одозгора

(5) 5-seks-pozi-shto-ovozmozhuvaat-polesen-pristap-do-g-tochkata-www.kafepauza.mk

Како да ја изведете: Качете се над него и благо свиткајте го грбот наназад додека се држите за неговите бедра.

Зошто успева: Јавнете го, каубојки! Оваа поза е тројно задоволство. Најпрво, позицијата на грбот ќе ви дозволи да го наместите неговиот пенис кон предниот ѕид од вашата вагина додека се движите. Второ, вие сте главни! Можете да се движите онака како што чувствувате дека е најдобро за да постигнете вагинален оргазам! Држете се цврсто за неговите бедра додека се движите за најдобра контрола. И трето, оваа поза му ги ослободува неговите раце, па тој може да ги стимулира вашите гради или клиторисот за да го зголеми проток на крв до Г-точката.

5. Директно кон Г-точката

(6) 5-seks-pozi-shto-ovozmozhuvaat-polesen-pristap-do-g-tochkata-www.kafepauza.mk

Како да ја изведете: Легнете на грб и подигнете ги нозете така што ќе ги потпрете на неговите рамена.

Зошто успева: Подигнатите нозе ќе му овозможат широк пристап, а со тоа што тој ќе клечи, ќе има поголем баланс за да може да ја погоди Г-точката (водете го вербално) со секое замавнување!

Можеби ги имате искусено, а можеби не: 9-те оргазми кои ги доживува жената!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар