5 секојдневни навики кои се исто толку штетни како и цигарите

5 секојдневни навики кои се исто толку штетни како и цигарите

Голем дел од луѓето кои не пушат веруваат дека живеат поздрав живот од останатите, но тие истовремено ги занемаруваат и другите навидум безопасни навики кои му штетат на нашето здравје во иста мера како и цигарите. Единствената разлика помеѓу овие навики и цигарите е само механизмот на кој се предизвикува долготрајното влијание врз телото и организмот.

5 секојдневни навики кои се исто толку штетни како и цигарите

1. Долго седење. Дури и со редовното вежбање вие не можете да ги оттргнете ефектите кои долгото седење (на работа) ги имаат врз вашето тело. Не постои здравствен проблем кој седењето не може да го влоши. Токму затоа доколку седите повеќе од 8 часа дневно, вие мора да се натерате во секојдневниот распоред да внесете минимум 30-минутно движење. Одете до маркет пешки наместо со автомобил или ако користите јавен превоз, качете се неколку станици подолу. Накратко, секогаш кога ќе имате можност, истегнете ги вашите нозе.

2. Премногу месо и сирење во вашата исхрана. Ова може многу тешко да им падне на гурманите, но доколку сакате да бидете здрави не смеете да ја темелите вашата исхрана само врз овие две намирници. Без разлика колку многу уживате во нив. Во нашите краеви постои верување дека оброкот без месо не е целосен, но тоа не е вистина. На вашето тело му требаат протеини како оние кои се добиваат преку месото и сирењето, но постојат и „вегетаријански“ извори на овие протеини кои барем неколку пати во неделата можат да ги заменат животинските. Една од овие алтернативни извори на протеини е гравот.

3. Готвење на плин. За разлика од електричниот шпорет, плинот има една маана. Секогаш кога готвите вие добивате една дополнителна доза јаглероден моноксид, азот диоксид и формалдехид – трите загадувачи кои ги вдишувате и при пасивното пушење. Доколку сакате да го намалите овој проблем, секогаш вклучувајте го аспираторот бидејќи тој го намалува загадувањето од 60 до 90 проценти.

4. Посета на солариум. Вие можеби постојано се заштитувате од сонцето, но не заборавајте дека и вештачкото не е добро за вас. Без разлика на тоа што солариумот се рекламира како најсигурното сончање, тоа е само маркетинг трик. Научете да ја сакате вашата кожа онаква каква што е бидејќи тоа е најздравата опција за вас. Ако сакате да ѝ подарите сјај, јадете храна која е богата со каротен.

5. Хронично неспиење. Вие мора да му овозможите на вашиот организам минимално 6 до 7 саати сон доколку сакате да избегнете висок крвен притисок, болести на срцето и голем број други здравствени проблеми. Уморот не е нормална појава, па токму затоа и не се навикнувајте на него. Доколку е потребно, целосно променете ги вашите животни навики со цел да се погрижите да имате доволно сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар