5 секојдневни маки на луѓето кои се натпросечно интелигентни

5 секојдневни маки на луѓето кои се натпросечно интелигентни

Грижите и борбите на луѓето со натпросечна интелигенција се многу тешки и комплицирани. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, сигурно ви се случило да се почувствувате осамено поради недостатокот на разбирање од останатите. Прочитајте кои се најчестите потешкотии со кои секојдневно се соочуваат натпросечно интелигентните луѓе…

5 секојдневни маки на луѓето кои се натпросечно интелигентни

1. Бесмислените разговори ве исцрпуваат

Кога морате да муабетите, се чувствувате како да сте паднале во замка бидејќи принудени сте да ги поминете сите општествено прифатливи реченици. Темите кои вас ве интересираат како што се наука, уметност, филозофија и литература, многу ретко се присутни во секојдневните разговори. Воопшто не сакате да дискутирате за истите здодевни теми поврзани со временските услови кои само ве измачуваат и ви го трошат времето.

2. Мислите многу повеќе од она што го изговарате

Со оглед на тоа што вашиот мозок ги бара сите можни решенија и одговори за одреден проблем, вам ви треба повеќе време за да дадете свое мислење и заклучок за разлика од просечно интелигентните луѓе. Кога не сте сосема сигурни дека го знаете вистинскиот одговор или дека идејата ви е брилијантна, обично не изустувате ниту збор. Многумина не ве разбираат, бидејќи мислат дека сте чудни, здодевни и затворени.

3. Брзо ви досадува работата што ја имате

Вие имате постојана потреба од предизвици, големи идеи и проекти, па затоа дури и возбудливата професија може да ви стане обична и здодевна откако ќе ја исцрпите сета ваша креативност на работното место. Тоа може да ги претвори вашите секојдневни работни задачи во макотрпна борба.

4. Понекогаш тешко ви е да преземете акција

Тешко е да се биде мислител во свет полн со луѓе „од акција“. Денес, практичната работа се цени многу повеќе од големите идеи. Кога ќе се опседнете со генијалните идеи, понекогаш го пропуштате импулсот за акција. За жал, луѓето ова го толкуваат како мрзеливост поради што не ве ценат доволно.

5. Тешко ви е да се заљубите

Вашите очекувања од љубовта се многу поголеми од оние на луѓето со просечна интелигенција. Со оглед на тоа што се повнимателни, поаналитични и понезависни од другите, честопати ве сметаат за ладни и напорни.

Иако треба да се гордеете на вашата натпросечна интелигенција, сепак добро е да поработите на овие особини и потешкотии за да можете да ги совладате сите пречки што ќе ви се најдат на патот и да станете непобедливи.

Не сте сигурни дали и вие спаѓате во оваа категорија на луѓе? Погледнете ги овие 5 знаци дека имате натпросечна интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар