5 релаксирачки начини да согорите калории

5 релаксирачки начини да согорите калории

Добра вест за сите оние што немаат време за вежбање или се премногу мрзливи за да го прават тоа! Постојат одлични начини на кои можете да согорите калории без воопшто да влезете во теретана. Всушност, некои од овие активности се толку релаксирачки што можат дури и да ве успијат (едната е од нив е токму тоа – заспивање!). Прочитајте во продолжение за што станува збор.

1. Направете си пенлива бања

(1) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk

Слободно вклучете ја топлата вода во бањата и наполнете ја кадата до врв. Една неодамнешна студија од Универзитетот Лонгбороу во Англија ни покажува дека едночасовната бања во вода со 40 степени Целзиусови може да ви помогне да согорите и до 130 калории!

2. Шетајте го кучето

(2) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk

Да, вие редовно излегувате по 10-тина минути со него, но овој пат дозволете си малку повеќе време за шетање и брзо ќе забележите дека панталоните подобро ви стојат. Со подолгото и побрзото истражување на маалото со вашето крзнено пријателче, вие можете да согорите и до 225 калории за 1 час.

3. Закажете масажа

(3) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk

Ова можеби е најдобрата активност на оваа листа. Сѐ што треба да направите е да се испружите и опуштите бидејќи едночасовната масажа може да ви помогне да согорите и до 67 калории! И покрај тоа што ова не е доволно за да го купите тесниот фустан што веќе некое време го гледате, сепак е подобар избор од трчањето на подвижна лента!

4. Одвојте време за дремка

(4) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk

Еве една кратка лекција по биологија: Вашето тело користи зачувана енергија (односно калории) за сѐ што прави. Започнувајќи од дишењето, па сѐ до варење на ручекот и спиењето, калориите се горат во секоја минута од денот со цел да можете да функционирате. Имајќи го тоа на ум, едночасовната дремка може да ви помогне да согорите дополнителни 68 калории! А замислете само што може да направи квалитетниот 8-часовен сон.

5. Смејте се со пријателите

(5) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk

Сите ние знаеме дека е многу лесно да ги откажете плановите со пријателите по долгиот ден на работа, но освен тоа што тие се одличен начин да се ослободите од стресот, една студија од Универзитетот Вандербилт открила дека доволно е од срце да се смеете со вашите најблиски 10 до 15 минути и вие ќе согорите до 40 калории! Замислете колку ќе се зголеми оваа бројка за цел час!

Прочитајте ги и овие 5 необични активности кои согоруваат ист број калории како и трчањето!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар