5 реченици кои треба секојдневно да му ги кажувате на вашиот партнер

Врските често се чудна „појава“. Морате да се трудите, да ја негувате, да ја одгледувате како некоја билка, доколку сакате таа да напредува и да успее. Секако, сето ова не изгледа така на самиот почеток, кога сѐ е уште ново, убаво, кога пеперутките во стомакот ја вршат својата работа и кога не е ништо тешко да направите за вашиот партнер и за вашата врска.

1-5-rechenici-koi-treba-sekojdnevno-da-mu-gi-kazhuvate-na-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

Меѓутоа, со текот на времето работите стануваат поразлични, најчесто потешки, иако желбата за сѐ да биде како на почетокот никогаш не исчезнува. И многумина ќе кажат дека тоа е невозможно, но всушност е, а потребно е само малку труд, некои ситници кои ќе го одржат тој ваш однос секогаш буден и привлечен не само за вас, туку и за другите кога ќе ве видат заедно. Тие ситници го вклучуваат начинот на кој се однесувате еден кон друг, што си кажувате, па токму затоа обидете се овие работи секојдневно да му ги кажувате на вашиот партнер. Кажувајте му ги неуморно, од ден во ден, бидејќи тие се еден од сигурните патишта кон успехот.

1. „Добро утро“

За жал, мал е бројот на оние кои можат веднаш да „скокнат“ од креветот, насмеани да подготват некој здрав појадок, да го испијат кафето и енергично да се подготват за уште еден ден. Поголемиот дел сепак се „влечат“ низ своите домови, за да се доведат во ред. Но, сепак треба да му обрнете внимание на вашиот партнер, како и тој на вас. Едно кратко, насмеано „добро утро, љубов“ ќе направи да се насмее, да ве бакне, прегрне, а тоа веќе е совршен почеток на денот, почеток кој ќе ви даде доста позитивна енергија. И така треба да правите од ден во ден, од година во година… Кога ќе го започнете утрото на еден ваков начин сѐ останато ќе делува неважно и едноставно.

2. „Жал ми е“

Едно мора да знаете, љубовта не трпи гордост, бидејќи ако гордоста мора да се вмеша во сѐ, секој однос пропаѓа. Секако, постојат ситуации во кои треба да го зачувате вашето достоинство, но овде не станува збор за тие, туку за некои мали, секојдневни ситуации. Доколку некогаш ја облечете неговата облека, а тоа може да предизвика мали недоразбирања, едноставното „жал ми е“ ќе ја реши целата ситуација. Не постои маж кој на изразувањето на жалење на својата драга ќе остане имун. А, во ред е да го кажете тоа и кога нешто ќе погрешите. Со тоа само ќе дадете признание за таквите ситуации, како што треба и тој да направи во сличните, а тоа секако гарантира добар, стабилен однос.

3. „Тоа е одлична идеја“

Постои една голема вистина, без разлика колку времето се менувало, колку се менувале луѓето со него и станувале посвесни, а тоа е дека мажите сакаат да водат, да бидат признати, па дури и кога грешат. Доколку тоа признание не доаѓа од некој друг, тие сепак сакаат да слушнат од својата партнерка зборови на потврдување. Затоа оваа едноставна реченица нему ќе му даде самодоверба, сигурност, потврда дека прави нешто како што треба. Па и тогаш кога греши, слободно упатете му ги тие зборови. Штом ќе почувствувате дека бара поддршка во вас, немојте да му ја одземете, туку постапете паметно. Штом ја бара, тогаш не е најстабилен со своите одлуки или решенија, па можете на суптилен начин да му укажете да направи нешто поразлично, но никогаш така што ќе го омаловажувате и можеби да го понижите пред другите. Дајте му признание и кога ќе испланира викенд за вас двајцата, некоја вечера, бидејќи така само ќе направите да се чувствува подобро, но и да ве сака уште повеќе.

2-5-rechenici-koi-treba-sekojdnevno-da-mu-gi-kazhuvate-na-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

4. „Како ти помина денот?“

Ова е веќе едноставен знак со кој покажувате дека се интересирате за некого, а интересирањето за животот на партнерот и случувањата во него се неизбежни кога е љубовта во прашање. Дури и ако вие добиете вакво прашање, тоа не значи дека сака да провери нешто, да дознае за некои „задни“ намери, туку едноставно сака да знае дали е неговата мила уморна, што добро и убаво, или можеби лошо ѝ се случило. Бидејќи вие двајца сте личности кои треба да споделуваат сѐ, да го споделат убавото и грдото, и тоа секојдневно, бидејќи на тој начин еден на друг секогаш си помагате, но и учествувате во вашиот однос.

5. „Те сакам“

И притоа навистина да го мислите тоа. Краткото и јасно, „Те сакам“, кажано во кој било момент, во која било ситуација, каде било, ќе измами насмевка на лицето на вашиот партнер, ќе предизвика среќа во него, а ниту за вас сигурно нема ништо поубаво од тоа да ја видете личноста која ја сакате среќна и задоволна.

Доколку сте во долга љубовна врска. тогаш сигурно знаете дека овие љубовни закони владеат во сите врски.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар