5 различни гледишта на љубовните врски во зависност од возраста

Ако се наоѓате во вашите дваесетти години, веројатно сте забележале како со секоја измината година станувате сè помудри и помудри. Секако, секој би се согласил дека на врските гледаме многу различно во зависност од тоа дали имаме 20 или 25 години. Сигурно веќе можете да го забележите прогресот низ овие години, движејќи се напред сè до моментот кога ќе кажете „Сега сум возрасна личност.“ Па, како сте гледале на љубовта во вашите тинејџерски години, а како гледате на неа сега, како возрасни?

5 различни гледишта на љубовните врски во зависност од возраста

15 – 18 години: Што правам, по ѓаволите?

Ах, средно училиште. Ова е периодот кога сѐ ви изгледа ново, а имањето момче ви значи многу, бидејќи имате шанса за нешто повеќе од насмевката што ќе си ја дадете еден на друг низ училишните ходници. Еден од вас вози автомобил или барем имате некој кој ќе ве однесе на кино. Првиот бакнеж веројатно бил ужасен и сте биле убедени дека нешто не е во ред со вас. Но, брзо сте сфатиле дека не бил во вас проблемот, туку во момчето кое не знаело како да ја контролира својата плунка.

Личноста со која излегувате во средно е некој кој мислите дека е сладок. Најверојатно вашата пријателка зборувала со негов пријател и така наместиле да се сретнете. Но, кога се држите за раце низ училишните ходници се чувствувате како најсреќните луѓе на светот, дури и ако вашето момче е чудакот кој со себе насекаде ја носи акустичната гитара.

Голема е веројатноста дека ќе раскинете затоа што неговите пријатели му кажале дека не му сте потребни или затоа што почнал да ви се допаѓа неговиот сладок пријател.

19 – 20 години: Константна потреба од возбуда

Ова се навистина критични години. Веројатно штотуку сте се запишале на факултет и сте во преодна фаза од животот. Оттаму подготвени сте за излегување со мажи, но реално знаете како да се справите само со момчиња.

Првите два семестари се за стекнување нови искуства и ќе се обидете да запознаете колку што може повеќе луѓе. Во главата секогаш ви се врти романтичната приказна на вашите родители од студентските денови, па си мислите дека секој дечко може да биде вистинскиот за вас. Па, кои сте вие да застанете на патот на судбината? Kога ќе се отрезните сфаќате дека новиот дечко воопшто не е ваша сродна душа. Но, кога сте пијани (а најчесто сте) се обидувате да го натерате да се обврзи на верност.

Евентуално ќе раскинете поради пијана караница, при која двајцата ќе признаете дека сте спиеле со друга личност.

20 – 23 години: Дали е ова љубов?

Веќе сте возрасни. Знаете толку „многу“ работи и после години измачување со некого само поради сексот, верувате дека имате доволно знаење и мудрост за конечно да ја пуштите љубовта да влезе во вашите животи. Ова е возраста кога излегувате со тип кој го мразат сите ваши пријателки, но никому не му е важно што велат тие осамени девојки.

Сте го запознале на некоја забава, како надвор сам пуши цигари. Тој не зборува многу, но ќе ви помогне да ја запалите вашата цигара како вистински џентлмен. А вие сте убедени дека започнала најголемата љубовна романса. Неколку месеци подоцна, сѐ уште се гледате, но од некоја непозната причина тој уште не ви е момче. И вие се измачувате исто како него, па разбирате дека е потребно време да се прифати љубовта. Понекогаш тој се однесува навистина лошо кон вас, но го прифаќате тоа бидејќи тој едноставно е бунтовник.

Мислите дека навистина ве сака, но не знае да го покаже тоа. Ви се чини дека сите се против вас, дека животот е тежок, а вие само сакате да уживате во вистинската љубов. Убедени сте дека сѐ ќе биде во ред. После шест месеци ќе го откачите кога ќе сфатите дека не може да најде време за вас. А кога нема да направи ништо за да сте повторно заедно, сфаќате дека вашата врска била незрела.

23 – 25 години: Знаете што сакате

Ова се годините кога конечно доаѓате до откритието дека не сте знаеле апсолутно ништо за врските пред овој момент. Ќе знаете дека официјално сте пораснале кога за прв пат ќе бидете доволно силни да раскинете со дечкото кој се однесувал грубо кон вас. Истото важи и за машките.

Кога девојката навистина го сака дечкото, никогаш нема грубо да се однесува со него, без разлика што го мрази фактот дека тој уште живее со своите родители. Клучот за здрава врска е кога можете да се разберете меѓусебно иако имате различни погледи на светот. Она што е важно е дека секогаш може да го споделите вашето мислење со него без да започне голема кавга. Ако ова не важи, тогаш треба да продолжите понатаму и целосно да го заборавите.

25 – 30 години: Вистинско созревање

На оваа возраст се случува љубовта за која луѓето пишуваат поеми. Вие едноставно секогаш сте тука еден за друг. Ви се допаѓа тоа што почнувате да зборувате за иднината. Ако сте блиску до триесеттата година од животот барате сериозен маж и не ви е повеќе важно дали тој свири во рок група. Не ви е важно ниту мислењето на пријателите, туку каква иднина гледате со него. Мажите кои имаат свој стан автоматски ги заземаат првите места на листата.

Кога сте имале 25 години, имањето деца изгледало како научна фантастика, но сега сте во врска една година, па веќе мора да ја водите таа дискусија сериозно.

На крај, без разлика на возраста треба да знаете која ситуација не е добра за вас. Сè додека созревате со текот на годините, сѐ ќе биде во ред на крајот. И обидете се да не размислувате премногу.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар