5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот дом

Познато е дека растенијата со дишењето го собираат јаглеродниот диоксид и испуштаат кислород. Но во процесот тие впиваат и други состојки, вклучувајќи и некои што се опасни за нас. Па, почетокот на пролетта е одличен период да додадете некое растение во вашиот дом. Следниве 5 се едни од најдобрите за прочистување на воздухот во вашиот дом.

1. Спатифилум

5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот дом

Листовите на ова растение го прават омилен декор на многумина. Покрај тоа, според НАСА ова растение е најдобро за справување со штетните материи во воздухот. На овој цвет му е потребна светла околина и редовно наводнување.

2. Аглаонема

Ова е можеби најатрактивното растение за прочистување на воздухот. Покрај тоа, можете да го запоставите долг период, а тоа сепак да биде „среќно“. Растението можете да го поставите и на место каде што нема многу светлина.

3. Филодендрон

Ова растение е лесно за одржување и може да расте речиси насекаде. Најдобро е да го чувате на светло место, но може да вирее и на потемно. Немојте да претерате со негово наводнување.

4. Дракаена

Со текот на времето, ова растение може да порасне и до 180 центиметри. Одлично вирее во домашна околина и потребно му е посветло место. Наводнувајте го кога ќе забележите дека земјата е сува, односно еднаш неделно.

5. Замиокулкас

Ова растение е одлично за почетници бидејќи вирее и на светло и во темно. Растението како да е направено од челик и може да издржи нередовно наводнување.

Погледнете и кои растенија се одлични за вашата спална соба.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар