5 работи за кои помалите сестри треба да им заблагодарат на своите постари сестри

Сестрите секогаш се многу поврзани меѓу себе. Растат заедно една покрај друга, понекогаш и не се поднесуваат, но најголемиот дел од времето се неразделни другарки. Тие си се едно од најголемите богатства кои ги имаат и велат дека кога ќе пораснат сфаќаат колку си значат една на друга. Оние помалите тврдат и дека секоја од нив треба да ѝ се заблагодари на постарата за овие работи…

5 работи за кои помалите сестри треба да им заблагодарат на своите постари сестри

1. Постарата прва ги прави грешките кои помалата би ги направила да не беше таа

Поради ова помалите сестри имаат привилегија да растат покрај некого од кого може да учат и од она што им го зборуваат, но и од грешките што тие ги прават. Така можат одблиску да се уверат какви би биле последиците од некои работи кои сакаат да ги направат.

2. Има кој да ви даде одлични модни совети

Постарите сестри секогаш знаат најдобро што треба да облечете за да изгледате прекрасно. Со нејзините совети секогаш изгледате како да сте чекор пред врсничките, а таа знае и што е она во кое имате поголеми шанси кај момчето кое ви се допаѓа.

3. Таа секогаш ве брани кога сте во конфликт со родителите

И самата поминала низ многу вакви конфликти и знае колку ви е потребна нејзината помош. Сигурно казните кои сте ги добивале биле многу поблаги затоа што таа некако успевала да ги наговори родителите дека не било ваша вина. Сте се извлекле многу пати благодарение на неа.

4. Знае како да ве утеши и да биде критична кон вас

Таа е личноста на која ѝ ги доверувате љубовните проблеми или проблемите со родителите, а таа секогаш знае како да ве ислуша и да ве утеши. Пред неа можете да го отворите целото свое срце. Вашата постара ќе каже сè што е потребно да се каже за вие да се чувствувате подобро, но и ќе биде критична ако не сте во право или ако вашата реакција е претерана.

5. Таа ви е многу блиска другарка

Не сте сестри затоа што така сте сакале, туку затоа што така определил животот. Но, тоа што сте толку блиски другарки е ваш избор и резултат на многу убави моменти кои сте ги поминале заедно додека сте растеле и созревале. Сте поминале заедно низ работи како момчиња, проблеми на училиште, проблеми со родителите, заеднички одмори… Што повеќе би можеле да посакате од вашата постара сестра?


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Bojana Reply

    Јас сум помалата сестра и јас сум таа што дава модни совети а не поголемата…

Остави коментар