5 работи во врските за кои навистина не треба да правите драма

Дали имате навика да правите драма и нервоза за ситни и небитни работи во врските? Зборуваме за нешта кои навистина не се толку битни, но можат да бидат причина за кавга. Еве што сè не треба да дозволите да биде причина за кавга во вашата врска.

5 работи во врските за кои навистина не треба да правите драма

1. Не постира статуси на ФБ за вашата годишнина

Всушност, бидете благодарни што е така. Знаеме, има многу парови кои не забораваат секојдневно да си напишат на ѕид колку се сакаат, но сè додека ви го кажува тоа во лице, во ред е.

2. Не успева во приредување изненадувања

Во ред, можеби не успева да направи нешто тотално лудо и неочекувано како момците од филмовите, но барем се труди. Можеби ќе предвидите што ќе ви подари или каде ќе ве однесе, но зошто тоа да ве спречи да уживате во она за што вистински се потрудил да ви угоди?

3. Си легнувате лути

Сè додека не се случува постојано, не го сфаќајте како крај на светот. Некогаш ќе рече нешто погрешно што ќе ве налути, но на крајот на краиштата и вие сте рекле. Сите сме луѓе и може да се случат секакви работи.

4. Немате заеднички планови

Вие сакате да останете дома, тој/таа да оди на вечера со друштво. Како и да звучи ова, вистината е дека во ред е понекогаш да не ви се поклопуваат плановите. Не правете драма од тоа.

5. Не сакате исти филмови

Па, што? Компромис. Некогаш ќе гледате она што вие сакате, некогаш она што е по избор на вашиот партнер.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар