5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија

Кога започнувате нова врска и се вљубувате, целиот свет ви се чини како цртан филм полн со виножита, распеани птички и небесни ѕвезди. Животот е прекрасен и одеднаш дознавате дека човекот во кого сте вљубени страда од депресија. Нормално е тоа што ваквото сознание ве шокирало! Депресијата е многу тешка состојба која предизвикува тага и ги обојува разнобојните виножита во најтемните нијанси на сиво. Меѓутоа, само затоа што вашиот партнер е депресивен, не значи дека врската е осудена на пропаст.

5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија

Депресијата е многу често нарушување што може да се излечи, доколку имате солидни познавања за неа. Не заборавајте дека иако оваа состојба и вам ви влијае, тоа е сепак негов проблем и сам се соочува со него. Она што можете да го направите е да му дадете поддршка и да бидете тука за него. Ова се 5-те работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија…

1. Не е до вас

Ако ви побара простор, дајте му го тоа. На депресивните луѓе им треба време за себе. Иако можеби ќе сакате да инсистирате дека не е паметно да биде сам, тоа не е ваша одлука. Не сте му мајка и нема магично да го излечите ако се појавите кај него дома и ги тргнете завесите извикувајќи „Добро утро, сонце!“. Вистина е дека предолгото спиење и изолацијата не се најздравите механизми за справување со депресијата, но можеби вашето момче бара време и простор зашто не сака неговото моментално расположение да има негативно влијание на вашата врска. Тој можеби знае дека токму тоа му треба на неговиот ум за да ги преброди депресивните епизоди. Верувајте му и почитувајте го неговиот избор.

2. Знајте си ја улогата

Кога љубите некого, природно е тоа што сакате да се грижите за него. Станува збор за инстинкт од кој нема да можете да се ослободите така лесно. Но, иако навистина можете да бидете тука за него, не сте му психијатар. Можете да се грижите за вашиот партнер така што ќе го сакате, слушате и советувате, но тука треба да повлечете линија. Нема да можете да го излечите колку и да сакате. Можете да бидете неговото рамо за плачење, но не можете да му бидете сѐ на светов. Нема да му помогнете на тој начин, а нема ни да ја зачувате вашата врска.

3. Грижете се за себе

Ако врската почне да се распаѓа, не мора да останете до крај. Можеби ви звучи сурово, но многу е важно да запомните дека не мора да бидете со овој маж доколку нештата станат премногу комплицирани. Ако тој одбива да побара помош или заглавува во депресивниот циклус без да го признае тоа, немате обврска да се грижите за него само затоа што има ментално нарушување. Точно е тоа дека и депресивните луѓе заслужуваат да бидат сакани, но и вие го заслужувате истото. Па така, ако не го добивате тоа што ви треба, слободно можете да ја прекинете врската.

Дали ова ќе му падне тешко на вашиот партнер? Апсолутно, но тоа не е ваша одговорност. Вашиот партнер самиот треба да преземе нешто во врска со неговата состојба и да побара помош, а не да тоне во депресија очекувајќи дека вие ќе го извлечете од темната бездна. Доколку тој не покажува интерес да си ја подобри ситуацијата, нема зошто вие да го правите тоа за него. Не можете да му бидете сѐ во животот, дури и да сакате. На крајот на краиштата и вие сте обичен човек.

5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија

4. Образувајте се

Треба да научите нешто повеќе за депресијата доколку вашиот партнер или друг некој близок има проблеми со ова психичко нарушување. Не само што тоа ќе ви помогне да ја разберете целата ситуација, туку и ќе ви даде сила заеднички да ги пребродите потешкотиите низ коишто минуваат вашите сакани. Постојат многу погрешни теории за депресијата и затоа од клучно значење е да се здобиете со вистинските информации кои навистина би можеле да им бидат корисни на сите луѓе кои имаат слични проблеми.

5. Не мора да го правите сето ова сами

Не плашете се да побарате помош. Тој можеби се плаши самиот да побара помош, но тоа не значи дека вие не смеете да побарате ако сметате дека ви треба. Можете да побарате совет од вашите пријатели и семејство или од луѓе кои исто така се справуваат со депресивен партнер. Можно е во одреден момент да се почувствувате изолирани, заробени или исплашени и во таков случај ќе мора да се избавите од ситуацијата. Токму затоа, многу е важно да имате ваш круг на луѓе кои ќе ви даваат поддршка. Само затоа што не страдате од депресија, не значи дека не треба да се грижите за себе.

Можеби некои од овие совети ви звучат бесчувствително, но треба да знаете дека вашата цел не е да го излечите партнерот, туку да станете свесни со што си имате работа, што се очекува и што не се очекува од вас и што не смеете да толерирате по ниедна цена. Не постои изговор за лошото и насилното однесување, а тука спаѓаат и емоционалната манипулација, како и заканите за самоповредување. Тој може да помине низ сето ова и вие можете да му помогнете да го стори тоа. Обајцата ќе бидете посреќни кога целиот кошмар ќе заврши, а врската ќе ви стане уште поцврста и постабилна.

Прочитајте ги и следниве 11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар