5 работи што мистериозните и неодоливите жени ги прават поинаку од останатите

5 работи што мистериозните и неодоливите жени ги прават поинаку од останатите

Социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да споделуваат премногу информации за себе. Мистериозните поединци, кои сите ги обожаваме, се вистинска реткост. Не зборуваме за антисоцијалните и затворените луѓе кои постојано молчат, туку за оние кои ја негуваат својата префитеност и ја зачувуваат приватноста на љубезен, елегантен и искрен начин. Благодарение на тоа, никој не може да им остане рамнодушен. Жените кои се мистериозни и истовремено неодоливи ги прават следниве 5 работи…

5 работи што мистериозните и неодоливите жени ги прават поинаку од останатите

1. Знаат дека не треба да претеруваат

Тие не кажуваат сѐ одеднаш. Кога разговараат со некого, не споделуваат премногу детали и не го преплавуваат соговорникот со информации. Убаво е да бидете топли, искрени и отворени, но девојките кои премногу зборуваат честопати оставаат впечаток на луѓе кои немаат што да прашаат.

2. Внимателно слушаат

„Мудрите луѓе зборуваат, бидејќи имаат што да кажат. Глупавите зборуваат бидејќи мораат да кажат нешто.“ – Платон

Мистериозните девојки имаат извонредна моќ за набљудување. Тие навистина се интересираат за луѓето околу нив и на тој начин ги привлекуваат. На тој начин тие создаваат простор за нова врска или пријателство. Полека, но сигурно ги освојуваат срцата на оние што ги опкружуваат.

3. Не се постојано во центарот на вниманието

Мистериозните девојки ги одбегнуваат социјалните мрежи, барем еден ден во неделата. Не откриваат каде се на Фејсбук, не го објавуваат секое нивно мислење на Твитер. Фотографиите за Инстаграм можат да почекаат. Тие постојано предизвикуваат прашалници во главите на нивните следбеници.

4. Уживаат во осаменоста

Осаменоста може да направи чуда за вашата душа. Замислете си како би се чувствувале кога би биле анонимни во вашиот роден град. Никој не ви го знае името, колку години имате и што работите. Мистериозните девојки знаат како да уживаат додека седат на клупа во парк. Тие разгледуваат наоколу, ги набљудуваат интересните луѓе што минуваат покрај нив. Ги забележуваат различните бои на небото и ги чувствуваат вкусните миризби во воздухот. Не забораваат да дишат длабоко и да бидат присутни во моментот.

5. Одвојуваат време за себе

Мистериозните девојки никогаш не брзаат. Тие сонуваат со отворени очи. Живеат во сегашноста и знаат како да се одморат од брзото темпо на живеење. Тие одвојуваат време за личен развој, за промена и за напредок. Поминуваат време во тишина. Одвојуваат неколку секунди од денот за да се запрашаат кои се и што сакаат.

Во продолжение прочитајте нешто за женските особини на кои мажите не можат да им одолеат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар