5 работи кои веднаш мора да ги исфрлите од бањата

Бањата не е само место во кое одиме да се избањаме пред да одиме на спиење. Тоа е нашето мало место за релаксација, спа зона и дел од козметичкиот рај во кој секојдневно поминуваме време резервирано само за уживање и средување. Сепак, една работа може да го наруши вистинското уживање во времето кое си го посветуваме само на себе: нередот и многуте работи кои се спремни за фрлање. Не само што сметаат, бидејќи заземаат драгоцен простор, туку се и потенцијален извор на здравствени проблеми. Време е да се поздравите со непотребните работи и повторно да ја претворите вашата бања во безбедно и пријатно место.

1-5-raboti-koi-vednash-mora-da-gi-isfrlite-od-banjata-www.kafepauza.mk_

1. Старите сунѓери за капење

Старите сунѓери за капење се легло за бактериите кои се размножуваат во нив благодарение на константната изложеност на вода.

2. Козметиката која не сте ја користеле скоро една година

Доколку одредена крема или серум не сте ги чепнале година дена, постои голема можност дека нема никогаш повторно. Но исто така, рокот на траење на повеќето козметички производи е околу една година, па со производот кој стои толку време неискористен може да направите поголема штета отколку што би имале корист.

3. Козметиката која ги променила текстурата, бојата и мирисот

Дури и ако официјално не истекол рокот на траење, сите козметички производи кои ја промениле текстурата, бојата или мирисот, морате да ги фрлите, бидејќи може да предизвикаат иритација или алергиска реакција.

2-5-raboti-koi-vednash-mora-da-gi-isfrlite-od-banjata-www.kafepauza.mk_

4. Старите завеси за туширање

Завесите, исто така, се секојдневно изложени на вода, а после користењето сигурно не ги сушите на воздух, па затоа би требало почесто да се менуваат. Доколку некои делови од завесата се веќе пожолтени, време е за промена.

5. Лекови без видлив рок на траење

Кутијките со лекови најчесто ни заземаат доста простор во орманчето во бањата, па затоа често ги фрламе веднаш штом го отвориме лекот. Но, на нив најчесто се наоѓаат и бројки кои го означуваат датумот на производство, како и рокот на траење. Доколку не сте сигурни колку е стар некој лек, подобро е да го замените со нова доза.

3-5-raboti-koi-vednash-mora-da-gi-isfrlite-od-banjata-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар