5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите од бањата

Бањата не е место каде одиме само да се тушираме пред и после спиење, таа е и нашето мало место за релаксација, СПА зона и дел на козметички рај во кој секојдневно го поминуваме времето резервирано за уживање и средување. Сепак, има една работа која може да го расипе вистинското уживање во времето кое си го посветуваме себеси: Нередот и работите кои треба да се исфрлат. Не само што тие сметаат и зафаќаат простор, туку се и потенцијален извор на здравствени проблеми.

5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите од бањата

Време е да се поздравите со непотребните детали и да ја направите вашата бања безбедно и пријатно место за вас.

1. Стари сунѓери за капење

Старите сунѓери за капење се легло за бактерии кои на нив се размножуваат благодарение на константниот извор на вода и влага.

2. Козметика која не сте ја користеле веќе година дена

Доколку имате крема или серум кои не сте ги допреле цела година, постои голема веројатност дека тоа никогаш нема ни да го направите. Меѓу другото, рокот на траење на повеќето козметички производи е околу една година, па ако го ставите производот на вас ќе направите поголема штета отколку корист.

3. Козметика која што ја променила својата текстура, боја или мирис

Дури и ако формално не истекол рокот на траење, сите козметички производи кои ја промениле нивната текстура, боја или мирис мора веднаш да ги фрлите, бидејќи ризикувате иритација или алергиска реакција.

4. Стари завеси за туширање

Завесите за туширање кои секојдневно се изложуваат на вода, а не се сушат веднаш после користењето, треба почесто да се менуваат. Ако некои делови од завесата веќе пожолтиле од старост, време е за промена.

5. Лекови без видлив рок на траење

Кутиите со лекови обично го зафаќаат целиот простор во медицинскиот кабинет, па поради тоа често ги фрламе откако ќе ги отвориме, заборавајќи дека на нив најчесто се наоѓа и рокот на траење. Доколку не сте сигурни колку е стар лекот, подобро заменете го со нов.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар