5 работи кои нема да ви се допаднат во вашите 30-ти години

5 работи кои нема да ви се допаднат во вашите 30-ти години

Доцните дваесетти години за поголемиот дел од нас жените се период кога сѐ уште веруваме во некоја бајка, а триесеттите знаат да ни донесат голем судир со реалноста. Оваа деценија честопати нè воведува во една сосема нова димензија од нашиот живот. Веќе пишувавме за тоа зошто жените на 30 години се вистински секс-бомби, но ајде да ја погледнеме и другата страна од медалот, односно што е тоа што нема да ни се допадне во оваа декада од животот?

1-5-raboti-koi-nema-da-vi-se-dopadnat-vo-vashite-triesetti-www.kafepauza.mk_

1. Разните прашања од „грижливите“ луѓе од нашата околина

Колкумина од нас во овој период од животот се сретнуваат со прашањата од типот „Дали си малку здебелена?“, „Кога ќе се омажиш?“, „Кога планираш бебе?“, а доколку веќе имате едно дете „Кога ќе се одлучите за второ? Не си веќе толку млада….“

2. Совети од типот „Јас знам најдобро“

Ова е категорија во која најчесто победуваат свекрвите на сите сопруги, но воопшто не е исклучена можноста дека ќе се појави уште некој што ќе биде желен да даде некој свој мудар совет.

3. Чувство дека времето побрзо минува

Во своите триесетти знаеме да бидеме окупирани со кариерата или семејството и заради тоа ќе добиете чувство дека времето многу брзо минува, дека побрзо се движиме кон следната деценија и секако, старееме.

2-5-raboti-koi-nema-da-vi-se-dopadnat-vo-vashite-triesetti-www.kafepauza.mk_

4. Судир со реалноста

Во оваа деценија почесто отколку сега умееме да застанеме и да се запрашаме „Дали грешам некаде?“ или „Дали правам сѐ како што треба?“

5. Моето тело се менува – кон полошо

Ова, секако, кај одреден број среќнички не е случај и можеме да им кажеме секоја чест! Спека голем број жени во раните триесетти веќе започнуваат да размислуваат за кремите против брчки, стрии и останатите производи. Исто така, тие постојано се обидуваат да ги отстранат непотребните килограми и како да ги облечат фармерките кои ги носеле пред 3, 5, 10 години.

За крај, сите ние знаеме дека медалот има две страни, па затоа ви препорачуваме и покрај сите работи кои ви пречат да се свртите кон ведрата страна на животот и да уживате во неа!

Во овој период од вашиот живот треба да донесете некои важни животни одлуки, а еве на кои прашања мора да им го знаете одговорот во 30-тите години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар