5 работи кои ќе ви се случат кога ќе престанете да консумирате шеќер

5 работи кои ќе ви се случат кога ќе престанете да консумирате шеќер

Белиот шеќер не е добар за вас. Веќе внесувате шеќери во организмот преку овошјето и млекото и затоа нема потреба во исхраната да додавате од штетниот бел шеќер. Освен што е опасен по здравјето, тој не е ниту потребен. Светската здравствена организација препорачува само 5% од дневниот внес на калории да доаѓа од шеќерите, така што јасно ви е колку се препорачани благото со додадени шеќери и газираните сокови. Многу е веројатно дека вие го консумирате повеќе отколку што е потребно и дека сакате да го исфрлите од исхраната затоа што чувствувате дека не е добар за вас. Тоа треба да го правите постепено, чекор по чекор. Овие пет убави работи кои ќе ви се случуваат попатно нека ве мотивираат да успеете во вашата цел.

5 работи кои ќе ви се случат кога ќе престанете да консумирате многу шеќер

1. Ќе имате повеќе енергија

Поради белиот шеќер телото никогаш не успева да ја искористи до максимум енергијата која веќе ја поседува. Иронично, ние секогаш посегнуваме по нешто благо кога чувствуваме дека таа ни фали, но штом престанеме со додадените шеќери, енергијата во нашето тело се покачува и веќе немаме потреба од нив.

2. Ќе ја стабилизирате телесната тежина

Шеќерот прави да ви треба уште повеќе шеќер. Доколку позитивно одговорите на оваа потреба ќе внесете многу голем број калории. Престанете со тоа за да престане и гладот по него и по некое време ќе почувствувате дека веќе не се дебелеете, туку слабеете.

5 работи кои ќе ви се случат кога ќе престанете да консумирате многу шеќер

3. Веќе нема да чувствувате потреба од шеќер

Како што рековме, шеќерот бара уште повеќе шеќер. Имајте на ум дека кога ќе се откажете од него веќе нема да ја имате онаа желба за благо која во минатото ви ја расипувала исхраната. Сега овошјето ќе има многу поубав и посладок вкус, а слатките ќе бидат премногу благи за вас.

4. Цревата подобро ќе ви функционираат

Цревата сакаат да се справуваат со повеќе диетални влакна, а помалку со вакви штетни супстанци кои се тешки за преработка. Ним ќе им биде полесно без состојките од слатките, крофните и газираните сокови. Ќе почнете почесто да одите во тоалет, што е добро и значи дека цревата работат онака како што треба.

5. Кожата ќе ви стане поубава

Многумина велат дека кожата им станува поубава и поблескава кога престануваат да консумираат од белиот шеќер. Се претпоставува и дека тоа е една од причините која поттикнува појава на акни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар