5 пролетни трендови на обувки

Автор: Моника Трајковска

Пролетта конечно дојде и сите ние сме возбудени за подолгите, посончевите и потоплите денови. Можете слободно да ги спакувате вашите чизми и зимски кондури за да ослободите повеќе место за пролетните обувки. Оваа пролет очекувајте балетанки, сандали и мокасинки во многу бои. Најмногу ќе се издвојуваат апстрактните и цветните дезени кои одлично ќе изгледаат за време на најубавото годишно време.5 пролетни трендови на обувки

1. Балетанки со врв во различна боја

Овој вид на класични балетанки секогаш биле во тренд, но оваа пролет ќе имаат сосема нов изглед. Тие ќе бидат со уникатни бои, светли или темни, со цветни дезени или карирани и секогаш со врв во различна боја. А за оние кои се посмели, ќе има и посебни платнени балетанки со метален врв.5 пролетни трендови на обувки

2. Апстрактни дизајни

Оваа пролет не смеете да немате барем еден пар обувки со овој дизајн. Без разлика на тоа дали се работи за сандали, балетанки или мокасинки тие мора да имаат многу бои на нив и уникатни дизајни по кои ќе бидете лесно препознатливи.5 пролетни трендови на обувки

3. Рамни сандали

Рамните сандали се основа за секојдневни прошетки на топло време, а оваа сезона најмногу ќе се издвојуваат оние со два ремена. За девојките кои со нетрпение ја дочекаа пролетта, најдобар избор се сандалите со цветни дизајни, додека пак за покласичните девојки тука се сандалите со многу светли бои и платнени ремени.5 пролетни трендови на обувки

4. Сандали со рамна платформа

Претходната година се до завршувањето на летото, овие сандали беа голем хит. Оваа сезона повторно се високо на листата. Без разлика дали се работи за дневна прошетка во паркот или вечерно кафе со другарките, тие се секогаш одличен моден додаток.5 пролетни трендови на обувки

5. Разнобојни мокасинки

Пронајдете го вашиот внатрешен пролетен дух со мокасинки во најразлични бои. Во зависност од бојата што преовладува во вашиот плакар, одберете си еден пар мокасинки кој оди со скоро сите видови на пролетна облека.  Пробајте и цветен дизајн, доколку вашиот стил ви го дозволува тоа.5 пролетни трендови на обувки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар