5 проблеми кои можат да ги предизвикаат високите штикли

5 проблеми кои можат да ги предизвикаат високите штикли

Плускавци, болки и рани на стапалата се проблеми со кои се соочува секоја сопственичка на високи потпетици. Доколку сте една од оние кои носат високи штикли само за посебни прилики и потоа трпат болки уште два дена потоа, лоцирајте го вашиот проблем и обидете се да го решите со следниве совети.

5 проблеми кои можат да ги предизвикаат високите штикли

1. Траги од претесни чевли

Проблемот со претесните чевли и каишите кои оставаат траги на стапалата, може да биде навистина неподнослив. Доколку чевлите се кожни, после неколку носења ќе се прилагодат на вашите нозе, но постои и трик кој ќе ја забрза постапката. Сипете обична вода во боца со распрскувач и малку пропрскајте ги новите чевли. Облечете ги и носете ги низ вашиот дом, додека не се исушат.

2. Плускавци на стапалата

Кога носите чевли со високи потпетици, мекиот дел од стапалата, веднаш под прстите може да биде многу болен, бидејќи е оптоварен од целата тежина на телото. За да ја ублажите болката, користете силиконски влошки за чевли или перничиња. По маркетите побарајте и сунѓерести самолепливи влошки, исечете ги во потребниот облик и залепете ги на предниот дел од чевлите, за поголема удобност.

3. Наклон кој не одговара на вашите стапала

Доколку средниот дел од вашите стапала е потполно во воздух и не го допира газиштето на чевлите, тоа значи дека сте одбрале несоодветен калап за вашите стапала. И покрај тоа што овој проблем не може да се реши и голема е веројатноста дека после првото носење ќе почувствувате голема болка во стапалата, сепак можете барем малку да ја ублажите.
Најдете влошки со подебел среден дел и ставете ги во чевлите. Тие делумно ќе го поткренат вашето стапало и ќе го пренесат притисокот на задниот дел. Како и да е, доколку уште при купувањето на чевлите во продавница, забележите дека стапалото не е правилно легнато во потпетицата, воопшто не го ни купувајте тој пар.

4. Потење на стапалата

Доколку вообичаено не сте склони на претерано потење на стапалата, причината поради која сепак доаѓа до оваа појава, е најверојатно носењето на претесни чевли или неквалитетниот материјал од кој се направени. Тесните чевли ги притискаат прстите на нозете, кои пак меѓусебно се греат и на тој начин го зголемуваат потењето. Исто така, материјалите во кои кожата не може да дише, го предизвикуваат истиот проблем. Гумата и вештачката кожа треба да бидат резервирани само за ладните денови, додека пак природната кожа и платното, се добар избор за потоплите годишни времиња.

5. Преголеми чевли

И покрај тоа што премалите и претесни чевли најчесто предизвикуваат плускавци и нагмечувања, истото може да го предизвикаат и преголемите чевли, а тој проблем ќе го препознаете според петите. Доколку стапалото константно се лизга низ чевелот, голема е веројатноста дека ќе предизвика болки во петиците и надразнувања на кожата, особено доколку чевлите ги носите на боси нозе или со хулахопки.
Но и овој проблем е решлив. На делот од чевелот кај петата залепете од споменатата самолеплива сунѓереста влошка или фластер за плускавци. Тие ќе го спречат лизгањето на стапалата во чевлите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар