5 причини зошто вреди да преземате повеќе ризици

5 причини зошто вреди да преземате повеќе ризици

Ризикот е една од оние работи што се тешки за мерење. Тој е како меч со две сечила: Или ќе доживеете неуспех или ќе го достигнете врвот. Секому му е добро онаму каде што се наоѓа, но доколку не преземете ризици и не излезете од вашата зона на удобност, тогаш како би успеале да се искачите некое скалило погоре? Ризикот во вашиот живот воведува возбуда, нови искуства, а каков и да биде резултатот, тој носи и големи животни лекции. Преземањето ризик со сигурност има придобивки, а еве за кои поточно станува збор.

Вреди да ризикувате: 5 причини зошто секој треба да презема ризик

1. Ризикот прави да бидете забележани

Поголем дел од луѓето го следат полесниот пат бидејќи им недостига самодоверба, па не се одлучуваат да се изложат на каков било ризик. Кога преземате ризици, не следите само одредена програма, туку им велите на оние околу вас да го свртат вниманието кон вашите идеи. Бидејќи малкумина навистина преземаат ризик, кога ќе го направите тоа, вие ќе бидете забележани од околината, а кога ќе се случи тоа, ќе можете да имате поголем напредок во работата, а и одредени личности ќе бидат заинтересирани да соработуваат со вас, имајќи ја предвид вашата храброст и смелост.

2. Ризикот креира промени

Лесно е да останете заглавени во секојдневната рутина и да ги следите навиките кои ви биле вметнати со години. Но, доколку сакате нешто да промените во својот живот, треба да направите нешто поразлично. Иако ќе се соочите со неудобност и чувство на непознато, сепак, тоа е единствениот начин за да создадете промени и да видите дали истите ви одговараат. Дури и ако првичниот план не се покаже како ефикасен, тоа ќе ве научи како поинаку да постапувате во иднина, со цел да станете попродуктивни и да си обезбедите посреќен и поисполнет живот.

Вреди да ризикувате: 5 причини зошто секој треба да презема ризик

3. Ризикот прави да се чувствувате живи

Ако правите работи што им се допаѓаат на оние околу вас и кои се нормални и прифатливи за сите, тогаш кај вас се појавува чувството на задоволство. Но, исто така не треба да се заборави и возбудата која ја носи преземањето ризик и адреналинот кој се јавува кога правите нешто сосема ново, на нов начин. Во иднина можете да станете дури и зависници од адреналин!

4. Ризикот создава повисоки стандарди

Кога ќе почнете да преземате ризик и ќе ги видите резултатите кои произлегуваат од него, тогаш во вашиот ум ќе почнат да се создаваат нови стандарди. Веќе нема да бидете задоволни со она што е доволно и ќе знаете дека за да создадете нешто посовршено, треба да се искачите на следното ниво. Тоа ќе ве поттикне да се движите напред и да поставувате и други нови стандарди. Наскоро, новата зона на удобност ќе ви биде онаму каде што ризикот е норма, а брзината со која работите ќе ви стане многу повисока отколку порано.

5. Ризикот ве учи повеќе работи за вас самите

Ризикот е израз на вашите сопствени идеи, па затоа тој може да ве научи многу за вас самите. Колку повеќе ги истражувате способностите кои се кријат во вас, толку повеќе ќе бидете свесни за она што се крие внатре.

Се прашувате дали постојат негативни страни на ризикот? Секако дека да, затоа и се вика ризик. Можете да вложите многу работи и да доживеете неуспех. Но, што ако доживеете успех? Придобивките секако се исплатуваат. Помислете на тоа каде сте сега, а и каде сакате да бидете во иднина, па проценете колкав ризик ви е потребно за да стигнете до таму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар