5 причини зошто треба да се ослободите од перфекционистичката природа

Перфекционизмот е многу заморен и напорен. Се асоцира со страв, грижа и анксиозност, а се забележува кај индивидуи кои имаат тенденција кон одбегнување, зависни личности и лица со опсесивно-компулсивно нарушување. Ова се петте причини кои ќе ве убедат да се ослободите од него.

0-5-pricini-zosto-treba-da-se-oslobodite-od-perfekcionisitickata-priroda-kafepauza.mk

1. Добиваме чувство на слобода

Кога слободата би била суперхерој, перфекционизмот би ѝ бил најлош непријател. Ние сме робови на безмилосниот перфекционизам, особено во моментите кога ќе се сетиме на сите грешки кои некогаш сме ги направиле. Па така, наместо да се фокусираме на успесите, ние се фокусираме на грешките. Никој не сака да прави грешки, но треба да ги прифатиме и да разбереме дека тие се дел од нас. Ако вака го сфатиме работите, тогаш ние сме слободни – без да нѐ дефинираат грешките.

2. Стануваме зрели

Кај перфекционистите постои само успех или неуспех – нема ништо измеѓу. Нема место за напредок и созревање затоа што тоа остава простор за неуспех, а перфекционистите не можат да си го дозволат тоа. Во тие случаи, функционираме во склад со нашата комфорна зона и не развиваме нови способности. Ако пак не се водиме од стравот или неуспехот, не се ограничуваме на она што го знаеме и можеме. Така, поголеми се шансите да ризикуваме и да научиме нешто ново и да созрееме уште повеќе.

3. Учиме да ги цениме малите работи

Да бидеме реални – никој не сака да поминува низ тешки периоди и да се справува со предизвиците кои животот секојдневно ни ги задава. Всушност, перфекционистичката природа е она што нѐ „штити“ од негативните искуства. Но тоа би важело само за совршените суштества кои можат да ја прескокнат емоционалната болка која оди заедно со искуствата од животот.

За да бидеме најдобри верзии од себеси мора да почувствуваме болка – таа нѐ прави посилни и ни дава идентитет. Нашата можност да ги пребродиме неизбежните предизвици е тоа што нѐ обликува како личности. Затоа е добро да почувствуваме болка – затоа што следниот пат ќе знаеме да се справиме со неа.

1-5-pricini-zosto-treba-da-se-oslobodite-od-perfekcionisitickata-priroda-kafepauza.mk

4. Можеме да блеснеме

Што e всушност перфекционизмот? Дека никогаш нема да згрешиме? Дека никогаш ништо нема да направиме поразлично? Да, перфекционизмот нѐ прави внимателни и понекогаш успеваме да избегнеме неуспех поради тоа, но благодарение на него ние не можеме да го постигнеме нашиот целосен потенцијал – ги затскриваме нашите уникатни аспекти од себеси, а тие аспекти би направиле да блеснеме и да се истакнеме како индивидуи. Ако бевме совршени, што и да правевме сѐ ќе беше исто. Една иста работа сите ќе ја правевме на еден ист начин – правилниот. Откако би размислиле, подобро е што сите сме различни, нели?

5. Ги намалуваме шансите за појава на анксиозност и други ментални нарушувања

Според генетиката, нашето психолошко функционирање и средината во која живееме, ние можеме да имаме предиспозиции за некои болести или нарушувања. Но иако желбата да бидеме совршени не е болест, сепак ако не реагирате веднаш таа може да предизвика разни нарушувања. Константната потреба од совршенство и стравот од неуспех може да доведе до чувство на анксиозност и намалување на емоционалната енергија. Мора да бидеме добри кон нашите мисли за тие да бидат добри кон нас.

Ако имате перфекционистички тенденции кои ѝ пркосат на вашата функционалност, односите со луѓето или го забавуваат напредокот во другите полиња од вашиот живот, размислете да посетите психотерапевт кој специјализирал во областа на анксиозноста.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар