5 причини зошто секој ден треба да пиете ракија

Овој традиционален пијалак што го обожаваат сите странци кога ќе ја посетат нашата земја, никого не остава рамнодушен, а познато е дека се користи за повеќе намени. Нашите баби и дедовци ја користеле ракијата како лек за сѐ и таа навистина има здравствени придобивки, секако доколку не се претера со количината. Наредниот пат кога некој ќе ве нападне поради тоа што сте љубител на ракија, изнесете некој од следниве аргументи…

5 причини зошто треба да пиете ракија секој ден

1. Го продолжува животниот век

Преголемата количина ракија и кој било друг алкохол дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерената количина би можела да ви го продолжи. Најмногу поради тоа што ракијата содржи антиоксиданси кои помагаат во борбата против радикалите – кои се главните виновници за стареењето.

2. Ослободува од стрес

Доколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем и може да ве опушти. Уште еднаш ќе повториме: само доколку ја консумирате во умерени количини!

3. Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

Кај ракијата е одлично тоа што го спречува таложењето на наслаги од холестерол во кардиоваскуларниот систем, односно помага да се намали нивото на холестерол. Сето тоа драстично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

4. Ја спречува појавата на настинка

Можеби сте слушнале дека ракијата може да послужи како одличен сируп против кашлање. Исто така алкохолот ги убива сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете доколку ја помешате ракијата со топла вода и лимон.

5. Не дебелее

Уште еден одличен аргумент: за разлика од газираните и густите сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории. Ако пиете ракија ќе го намалите холестеролот во крвта и нема да добиете вишок килограми.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Виктор Стевич Reply

    Вакви текстови се штетно е за општеството, особено тупиов и неписмен народ и може да предизвика катастрофа, односно може да уништи неколку детски животи. Како што кажав: ќе прочита некој идиот и ќе им дава на децата секој ден по чаша ракија, на 9 години мозочен удар ќе добијат. Ова треба да се казнува затоа што нема ниеден факт, нема ниедно научно истражување, и авторот измислува причина за неговиот алкохолизам. Како општество не може да се развиваш ако константно идиоти шират глупости по медиуми за рамна земја, здрава ракија и харп.

    • Карова Славица Reply

      А да не се одвикнуваш ти од алкохолозам ? Со какво право го нарекуваш народов толку туп и неписмен ? И авторот алкохоличар ? Јас сум од Кавадарци, ако нешто ти значи тоа . Не им даваме на децата ракија. Ако си толку писмен , ракијата не предизвикува мозочни удари ами напротив, убаво си е нагласено неколку пати УМЕРЕНО ! Татко ми има мозочен удар, не од ракија, по препорака на лекар до 2 чашки дневно. Чашки значи , кој е малку попрошетан , јасно му е шо се подразбира под тоа . Фала

    • Никола М Reply

      Стварно , никој при здрав разум не би давал ракија на девет годишно дете 😀 😀

Остави коментар