5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангите

Во последно време носењето танги полека излегува од мода и на сцена се враќаат обичните гаќички. Добро познатите памучни модели имаат низа предности, а ова се главните 5 причини зошто тие се подобри од тангите…

5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангите

1. Поудобни се

Во оваа категорија, обичните гаќички несомнено ги надминуваат тангите. Тие не се „вовлекуваат“ во необични места, не иритираат и не предизвикуваат болно црвенило.

2. Тие се идеални за време на менструацијата

Обичните гаќи овозможуваат максимално чувство на сигурност во текот на менструацијата. Влошките и тампоните се неудобни сами по себе и ниту една жена не сака уште и да размислува дали ќе ѝ се појави дамка на незгодно место. Токму затоа обичните гаќички се совршен сојузник во борбата против несаканите дамки и се најудобниот модел гаќи што која било жена може да ги носи за време на менструацијата.

3. Полесно се одржуваат

Тангите спаѓаат во категоријата на чувствителна облека, па затоа треба да внимавате како ги перете. Тие се ситни, па затоа можат да се „изгубат“ во текот на перењето доколку не ги ставите во посебна мрежичка, но и тогаш не се перат онолку темелно колку што би требало. Обичните памучни гаќички можете да ги перете на сите температури. Белите без размислување можете да ги ставите на 90 степени на вриење, а можете да ги перете и на пониска температура.

5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангите

4. Подобри се за здравјето

Долната облека треба да служи како бариера помеѓу нашите интимни делови и облеката која воглавно е груба и може да предизвика иритација. Поради тоа, обичните гаќички добиваат уште еден плус во споредба со тангите. Имено, тенката лента на тангите се наоѓа точно помеѓу анусот и вагината. Постојано е во движење, па така може да дојде до лесен пренос на бактерии до вагината и уринарниот тракт. Гинеколозите не им препорачуваат на жените кои имаат чести проблеми со уринарни и вагинални инфекции да носат танги и ги советуваат да бираат обични гаќи.

5. Не ги „гушат“ интимните делови на телото

Обичните гаќички се прозрачни и овозможуваат да влезе воздух до најинтимните делови на телото. Тангите и останатите секси гаќички се изработуваат од материјал што не е прозрачен или само делот помеѓу нозете е од памук, а останатиот е од синтетика. Токму тие делови не пропуштаат воздух, па затоа се создава голема количина на влага која е погодна за развој на инфекции. Обичните гаќички се изработуваат од чист памук без примеси на синтетички материјал.

Во продолжение прочитајте за 5-те видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар