5 причини зошто е подобро да бидете отворено ранливи во љубовта

Да сакаш значи да бидеш ранлив. Дури и кога се браниме од чувствата, не се отвораме, држиме дистанца и се правиме како да ни е сеедно, ќе бидеме повредени – ако сакаме. Многу е полесно да бидете отворени за чувства и ранливи, отколку да бидете затворени и дистанцирани, и повторно да бидете повредени. Отвореноста е пат низ кој ја трансформираме ранливоста во извор на сила, која ни помага да ја преболиме повредата, но и понатаму да сакаме, иако сме биле повредени.

1-5 prichini zoshto e podobro da bidete otvoreno ranlivi vo ljubovta-www.kafepauza.mk_

1. Не постои безбедна љубов

Кој не бил повреден од чувствата, не сакал. Стравот од повредата е она што нè затвора пред љубовта, но тогаш живееме во страв, а не во љубов – а стравот е најголемата повреда што можете да си ја нанесете сами на себе. Бегајќи од емоциите и ранливоста, сакајќи да се заштитиме од љубовта, се штитиме и од животот, искуството и емотивното богатство.

2. Низ болката учиме најдобро

Болката е извор на информации, на телесно, но и на емотивно и психолошко ниво. Минувајќи низ емотивните повреди, учиме повеќе за себе. Откриваме каде сме слаби, а ако одиме уште подлабоко, по патот низ кој нè носи болката, ќе откриеме зошто сме слаби баш на тој начин. Така ќе можеме да ги надминеме повредите од детството, несигурностите и убедувањата за тоа како треба да изгледа љубовта. Емотивните повреди се отворени рани сè додека не се запознаеме и засакаме себеси. Потоа нашата ранливост се трансформира во отворен извор за љубов, од каде што црпиме сила за и понатаму да сакаме, без убедувања дека сме оштетени, туку со чувство дека љубовта нè збогатува.

3. Отвореноста одржува проток

Кога сте повредени се затворате во себе, го подигнувате штитот и градите оклоп околу себе, но не се штитите себеси туку повредата. Таа останува во нас, како црна дупка, низ која пропаѓа во неповрат секое давање. Колку луѓе познавате, кои на тој начин ја уништиле својата врска и својата шанса за среќа? Раната не треба да се покрива, бидејќи сама ќе се излечи. Така е со емотивните повреди. Ако ги оставите отворени, енергијата ќе циркулира, животот ќе протекува низ вас и ќе пронајдете мир и стабилност.

2-5 prichini zoshto e podobro da bidete otvoreno ranlivi vo ljubovta-www.kafepauza.mk_

4. Секое искуство е драгоцено

Љубовта ѝ дава смисла на нашата кратка и неизбежна болна егзистенција на оваa планета, а повредите кои ги доживуваме низ љубовта се многу драгоцено искуство. Не за да научиме како да ги избегнуваме, туку да ги прифаќаме како витален дел од љубовта, како слабоста и ранливоста да ги прочистиме низ свеста и да ги претвориме во извор на сила, стабилност и мудрост. Ако не живееме за да сакаме, тогаш тешко дека ќе пронајдеме некоја смисла во животот.

5. Низ ранливоста се стекнува одговорност за љубовта

Кога ќе се поврзете со некој друг низ љубовта, станувате ранливи на многу начини. Ве боли нивната рамнодушност и одбегнување, но ве болат и нивните болки. Низ ранливоста ќе научите да пружите сочувствување, но не да пробате да преземете нечиј товар, бидејќи тоа е невозможно. Научете да ја почитувате својата потреба за затварање во однос на потребите на другите и да го одржувате својот внатрешен живот и да ги следите неговите периоди и циклуси, бидејќи само така ќе можете да давате и да одговарате на туѓите потреби. Научете дека е невозможно да го повредите оној кој што го сакате, бидејќи тоа е негова лекција за љубовта и негов предизвик за да порасне, да се регенерира и да ги прошири своите граници.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар