5 причини зошто е добро за вашата кариера да бидете сингл

Ако се стиховите „Сѐ ми оди добро, освен љубовта“ и ваша химна, сега е вистинскиот момент да сфатите дека тоа што сте сингл воопшто не е лошо, туку напротив, оваа „состојба“ е одлична за пронаоѓање на самите себе, за работата на себе, изградување на личноста и целите, и на крајот од краиштата, напредок во кариерата. Па затоа, немојте да очајувате поради тоа што моментално немате партнер во вашиот живот, туку искористете го тоа време паметно. Да бидете сингл е добро за вашата кариера и професионалниот развој затоа што…

1-5-prichini-poradi-koi-toa-shto-ste-singl-e-dobro-za-vashata-rabotna-kariera-www.kafepauza.mk_

1. Можете да работите колку сакате (и што сакате)

Постојат и оние денови кога времето од 9 до 17 часот не ви е доволно да ги завршите сите работни обврски и сосема ви е во ред да останете подолго во канцеларијата за да довршите сѐ, бидејќи тишината ви одговара. Вашите колеги си заминале, вие сте останале сами со вашите мисли, не се брзате да отидете дома – одлично! Еднаш во неделата можете да бидете штребер и да изработите неколку екстра часови или кога ќе завршите со работата можете веднаш да им се приклучите на вашите другарки на пијачка, а потоа таа пијачка да ја продолжите за уште неколку часа. Гледате, воопшто не е страшно кога не се брзате дома кај вашиот сакан.

2-5-prichini-poradi-koi-toa-shto-ste-singl-e-dobro-za-vashata-rabotna-kariera-www.kafepauza.mk_

2. Можете сами да посетувате настани и да запознавате нови луѓе

Вашата работа понекогаш ги носи сите тие состаноци и настани кои мора да ги посетите поради личното усовршување или едноставно, за да се поврзете со другите луѓе и колеги. Лесно е кога вашиот сакан е тука да „ве припазува“, но многу е покорисно кога сте сами и кога сосема слободно можете да запознавате нови луѓе. Ништо не ве спречува да го покажете вашето сериозно работно лице и смело да им пријдете на колегите, нешто кое не би го направиле доколку имате партнер.

3-5-prichini-poradi-koi-toa-shto-ste-singl-e-dobro-za-vashata-rabotna-kariera-www.kafepauza.mk_

3. Можете да го надградувате вашето знаење и вештините

Кога сте слободни и имате многу слободно време на располагање, имате прилика да работите на себе и да го збогатувате вашето знаење и вештини. Новите курсеви, часови и обуки ќе направат да бидете работник кој е вреден за внимание, а вашето CV ќе ви биде благодарно. Покрај тоа, кој знае колку луѓе би можеле да запознаете на сите тие часови…

4-5-prichini-poradi-koi-toa-shto-ste-singl-e-dobro-za-vashata-rabotna-kariera-www.kafepauza.mk_

4. Можете да ја пронајдете вашата страст

Слободното време подразбира и можност да го пронајдете она што ве исполнува и интересира. Сето тоа во зависност од вашите цели. На пример, можеби сакате да заработувате повеќе пари за да ги вложите и сакате дополнителна работа. Имате време за тоа! Не е страшно барем еднаш во одреден период да ја ставите вашата кариера на прво место. Ротацијата секогаш е возможна.

5-5-prichini-poradi-koi-toa-shto-ste-singl-e-dobro-za-vashata-rabotna-kariera-www.kafepauza.mk_

5. Можете да се посветите себеси

Ова веќе го напомнавме, но ќе го повториме. Кога не сте во врска и патите поради тоа, едноставно се затрупувате со обврски за да ги ослободите мислите. Сјајно, ќе направите одлична работа! Но, на крајот од денот, за да бидете успешни на полето на кариерата, мора малку да се грижите и за себе, а не само за вашите распореди и обврски. Опуштете се, направете нешто за себе, нешто во кое уживате. Наполнете ги батериите со позитивна енергија и зачекорите во нови победи!

6-5-prichini-poradi-koi-toa-shto-ste-singl-e-dobro-za-vashata-rabotna-kariera-www.kafepauza.mk_

Но, доколку сепак не напредувате во професионалната кариера, погледнете дали тука лежат причините за тоа.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар