5 причини зошто би требало да ги замените големите чанти со мали

5 причини зошто би требало да ги замените големите чанти со мали

Факт е дека жените обожаваат чанти. И тоа, колку се тие поголеми, толку подобро! Па така, во неа може да ја спакуваат шминката, омилениот парфем, прирачникот заедно со милион пенкала, шише вода, нешто за јадење, а можеби и нешто за пресоблекување. Само имајте на ум дека девојките со големи чанти во нив буквално носат половина од својот живот. Сепак, колку и да се тие практични поради големиот простор, можеби е подобро да ги замените со помали, а ова се добри причини за веднаш да го сторите тоа.

1-5-prichini-zoshto-bi-treba-da-gi-zemnite-golemite-chanti-so-mali-www.kafepauza.mk_

1. Полесни се!

Најпрво, чантите кои се помали секогаш се полесни. Нема да ве болат рацете или рамената од носење, па повеќе нема да имате причини да се жалите на болка откако ќе се вратите изморени од работа или од прошетка.

2. Ве прават рационални!

Малите чанти ќе ве натераат добро да размислите што навистина ви е потребно во текот на денот. Ако немате време да читате, зошто би ја носеле книгата со себе „за секој случај“? Исто така, нема потреба да го понесете целиот несесер, туку само некои основни производи, на пример пудра и кармин.

3. Полесно се комбинираат!

Малите чанти се полесни за комбинирање и најверојатно ги имате повеќе, што значи дека секој ден можете да носите друга, во зависност од комбинацијата. Исто така, тие се поевтини, а тоа значи и дека одвреме-навреме, почесто од порано, ќе можете да си пружите себеси нова чанта. Супер!

2-5-prichini-zoshto-bi-treba-da-gi-zemnite-golemite-chanti-so-mali-www.kafepauza.mk_

4. Модерни се!

Погледнете само колку бои, големини и модели постојат! Со избирањето на оние чанти кои ви одговараат можете максимално да ја изразите вашата креативност и смисла за мода. Навистина забавно!

5. Практични се!

Вие лесно ќе можете да ги одржувате, да ги чувате и да ги носите наоколу цел ден. Рацете ќе ви бидат слободни за други работи, што е навистина важно, особено ако ја избирате вашата нова, мала чанта!

3-5-prichini-zoshto-bi-treba-da-gi-zemnite-golemite-chanti-so-mali-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар