5 причини поради кои не сакате да користите кондом и 5 нивни решенија

Знаете колку е неопходен кондомот за да се заштитите од сексуално преносливи болести и од несакана бременост, но многумина и понатаму одбиваат да го користат наоѓајќи одредени изговори. Наместо да продолжите да играте руски рулет в кревет, разгледајте ги овие неколку решенија на најчестите проблеми и имајте безбеден секс.

5 причини поради кои не сакате да користите кондом и 5 нивни решенија

Проблем бр. 1: Не чувствувам ништо!

Решение бр. 1: Користете екстра-тенок кондом. Побарајте таков кој е изработен од полиуретан затоа што тие подобро ја пренесуваат телесната топлина.

 

Проблем бр. 2: Нема доволно триење.

Решение бр. 2: Користете кондом на кој има испакнати делови кои овозможуваат подобро триење и со тоа поголемо задоволство.

 

Проблем бр. 3: Не сакам да барам кондом кога сум запален.

Решение бр. 3: Ставете кондоми на повеќе места низ домот каде што обично имате секс или онаму каде што сакате да го имате. Кондомите се мали и може лесно да се сокријат.

 

Проблем бр. 4: Не ми одговара големината.

Решение бр. 4: Има кондоми со секаква големина. Треба само да ја најдете онаа што ви одговара и ова ќе престане да биде проблем.

 

Проблем бр. 5: Го убива расположението.

Решение бр. 5: Користете повеќе различни видови кондоми.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар