5 прашањa на кои мора да одговорите доколку спиете лошо

Квалитетниот сон е исклучително важен за нашето здравје. Со оглед на тоа што сите живеат забрзано секојдневие, луѓето сѐ помалку обрнуваат внимание на важноста на сонот, а тоа никако не е добро. Ви откриваме 5 прашања на кои морате да одговорите доколку спиете лошо.

1-5-prashanje-na-koi-mora-da-odgovorite-dokolku-spiete-losho-www.kafepauza.mk_

1. Колку долго ми е потребно за да заспијам?

Би требало да заспиете во временска рамка од 15 до 20 минути. Но, колку сме постари, потребно ни е повеќе време за да заспиеме. Исто така, ако ви е потребно помалку од 5 минути за да заспиете, имате длабок сон, односно можете да заспиете кога било и каде било, постои можност дека имате проблем, поточно дека сте хронично ненаспани.

2. Имам ли проблем со дишењето за време на спиењето?

Гласното рчење, кратките паузи при дишењето и испрекинатото вдишување може да бидат поврзани со ноќна апнеа. Тогаш сонот може да се наруши, бидејќи личноста често знае да се разбуди за да може нормално да дише. Последиците од таквото испрекинато спиење ќе ве следат во текот на целиот ден и може да го загрозат вашето здравје.

3. Дали ми е многу тешко да се разбудам?

За ова не постои одреден третман или начин на лекување, но можете да си помогнете сами. Недостатокот на сон овде ја игра најголемата улога, но не е единствената причина за тешкото будење. За да се разбудите полесно, би требало секојдневно да го избегнувате стресот и големиот напор, како и сите слични пречки.

2-5-prashanje-na-koi-mora-da-odgovorite-dokolku-spiete-losho-www.kafepauza.mk_

4. Дали попладне се чувствувам многу изморен/а?

За да му се спротивставите на попладневниот замор, најдоброто решение е попладневната дремка. Но, таа дремка треба да биде кратка, од некои 10 до 20 минути. Тогаш сѐ уште не доаѓа до длабок сон, бидејќи доколку влезете во длабок сон толку потешко ќе ви биде да се разбудите и ќе се чувствувате поспано до крајот на денот.

5. Дали спијам квалитетно?

Ова е многу важно прашање чиј одговор секогаш би требало да го имате на ум. Всушност, на поголемиот дел од возрасните луѓе им е потребен сон од 7 и половина до 8 и половина часа. Квалитетниот сон е многу важен за здравјето и за нормалното функционирање преку денот. Затоа обидете се секоја ноќ да постигнете колку што е можно поквалитетен сон.

Ако сите одговори укажуваат на тоа дека имате големи проблеми со спиењето кои не можете да ги решите без стручна помош, тогаш обратете се кај вашиот доктор по општа медицина.

Доколку сакате самите да ја подобрите ситуацијата во која се наоѓате, тогаш погледнете како да си го вратите квалитетниот сон.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар