5 нови свадбени трендови кои треба да ги знае секоја идна невеста

Кој не би сакал свадбениот ден да го направи најубав и вреден за паметење? Како што се приближува тој датум, така расте и возбудата. Па, за да бидете уникатни и на вашите гости да им подготвите една прекрасна и необична атмосфера, погледнете ги овие интересни идеи.

5 нови трендови за венчавки кои треба да ги знае секоја идна невеста

„Голи“ торти

Кога се во прашање слатките работи на венчавката, „голите“ торти без фондан и тешки глазури, ќе бидат тренд во 2017 година. За декорација избирајте свежо цвеќе и овошје кои ќе го надополнат овој сладок изглед.

Цртежи наместо фотографии

Организаторите на венчавки советуваат дека фотографирањето од маса на маса со гостите е веќе застарено. Ако сте во можност, понудете им на своите гости нешто ново и неочекувано – насликан портрет. Додека вашата прослава се одигрува пред очите на уметникот, сигурно ќе бидат создадени прекрасни дела во кои долго ќе уживате.

Искористете ја природата како најдобра декорација

Иако венчавката на отворен простор може да донесе многу двоумења и несигурности поради временските прилики и други технички прашања, сепак, нема ништо поубаво од расцветените дрвја како декорација за вашиот најубав ден во животот. Исто така во склоп со природата можете да ги декорирате и масите и столовите, а камењата, земјата и мирисот на тревата ќе бидат апсолутен хит.

5 нови трендови за венчавки кои треба да ги знае секоја идна невеста

Храна на тркала

Ако планирате да го изговорите судбоносното „да“, тогаш размислете за поставување комбе со храна, кој ќе биде како еден вид киоск. Наместо да имате келнери кои постојано ќе се шетаат наоколу, ваквата оригинално поставена шведска маса ќе ги намали вашите трошоци за храна, а на гостите ќе им приредите една необична и помалку формална атмосфера.

Футуристичко мапирање

Интересен тренд во 2017 година е мапирањето на тортата. Всушност, тоа значи вклучување нови технологии кои го трансформираат просторот во кој се изнесува свадбената торта, со светла во самото послужување. На тој начин добивате подвижни слики кои се многу поинтересни од класичните огномети или свеќи кои обично ги красат свадбените торти.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар