5 нешта кои треба да си ветите дека нема да ги правите во новата година

5 нешта кои треба да си ветите дека нема да ги правите во новата година

Сите ние сме инспирирани од можностите кои ги носи со себе новата година и токму поради тоа понекогаш знаеме малку да се изгубиме при дефинирањето на нашите цели и аспирации. Оваа еуфорија со себе носи нереални барања кои доколку не се исполнат доведуваат до појава на внатрешниот критичар, намалување на љубовта кон себе, појава на негативни мисли како и претерано фокусирање на работата и заборавање на времето за одмор и релаксирање. Со помош на наредниве неколку ветувања не дозволувајте ова повторно да ви се случи и наредната година…

5 нешта кои треба да си ветите дека нема да ги правите во новата година

1. НЕМА да си наметнувам нереални барања на себе

Ова вклучува каков било вид ригиден распоред, нереални ограничувања во исхраната, цели кои се насочени кон задоволување на сите луѓе освен вас, како и каква било строга промена на вашиот живот или карактер. Запомнете дека луѓето напредуваат во флексибилна и креативна околина, каде што имаат доволно слобода да се изразат себеси и брзо да ја променат перспективата доколку одредена ситуација го бара тоа…

2. НЕМА да бидам мојот најлош критичар

Оваа година, подобрете го вашето размислување за себе. Дозволете си пауза и конечно тргнете го минатото на страна и продолжете понатаму. Наместо да се нервирате за грешките, гледајте на нив како лекции и научете како не треба да се однесувате во иднина. Исто така, наредната година заборавете на споредбата со другите луѓе и запомнете дека вие сте една и единствена личност и дека најдобро функционирате кога сте во вашата кожа.

3. НЕМА да се однесувам кон себе со помалку љубов отколку кон другите луѓе

Заборавете на мантрата „Ти можеш подобро“ и фокусирајте се на сите оние нешта кои веќе сте ги постигнале. Научете како да го препознавате вашиот успех и уживајте во него. Да, вие навистина можете подобро, но дали сте сигурни дека е потребно да бидете подобри или доволно е конечно да си дадете признание на себе за добро завршената работа и да преминете на следниот проект со позитивен став?

4. НЕМА да се фокусирам на негативните мисли

Секојдневно сме напаѓани со новости кои можат дури и најголемиот оптимист да го натераат да се посомнева во добрината на светот. Многу е лесно да се заглавиме во кругот на стравот и негативноста, токму затоа важно е да разберете дека вие едноставно не можете да ги поправите сите проблеми кои овој свет ги има. Всушност, вие сами не можете ниту еден од тие проблеми да решите. Но, она што можете да го направите е да се обидете да бидете добро влијание врз оние кои се најблиску до вас. Вие можете да зрачите со љубов и добрина, а со тоа да ги допрете срцата на сите оние со кои ќе се сретнете. На овој начин вие навистина го правите светот подобро место за живеење.

5. НЕМА да заборавам да се забавувам

Во општество каде што термините како успех и постигнување се употребуваат за дефинирање на нечија вредност, многу е лесно да се изгубиме во нашата зафатеност. Изгледа дека општеството верува дека само оние кои се постојано зафатени можат да докажат дека вредат, дека постигнале нешто во својот живот и дека се успешни. Но, нареднава година обидете се да заборавите на ова непишано правило на модерниот свет и започнете да правите работи кои навистина ги сакате. Без разлика дали станува збор за пишување, јога, танцување, фамилија, пријатели, читање книги, учење нови вештини и слично, најдете ја вашата страст и исполнете го вашето слободно време со неа. Секако, мора да работите за да заработувате, но не ѝ дозволувајте на вашата работа да ве дефинира и контролира.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар