5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

Ова се 5 коктели кои може да ги подготвите за вашите сакани. Одберете го вашиот омилен вкус, набавете ги потребните пијалаци и бидете слободни, секси и заљубени!

5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

1. Rediscovered Cherry Cosmo – Космо од вишна

Потребни состојки:
  • 60 мл Смирноф вотка со вкус на цреша
  • 30 мл сок од бела брусница
  • 20 мл Cointreau или Triple Sec
  • Сосем малку свежо цедена лимета

Сите состојки налејте ги во шејкер. Додајте мраз и промешајте. Послужете во високи чаши за коктели.

5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

2. Between the sheets – Помеѓу чаршафите

Потребни состојки:
  • 30 мл Коњак
  • 30 мл Triple sec (жесток, но сладок ликер со вкус на портокал)
  • 30 мл рум
  • 1/2 лажица свежо исцеден лимон

Состојките налејте ги во сад за мешање коктели и додајте мраз. Протресете и налејте во чаша за коктел. Во чашата оставете да отстои кора од портокал заради вкус, и тргнете ја пред да послужите.

5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

3. French Cosmo – Француски космо

Потребни состојки:
  • 90 мл сок од ананас
  • 45 мл вотка
  • 15 мл Cassis (сладок темноцрвен ликер од црна рибизла)

Сите состојки заедно со мраз налејте ги во шејкер и добро промешајте. Сипете ја течноста во чаша за коктел и декорирајте со лист од ананас или парче ананас.

4-5-neodolivo-seksi-kokteli-za-sv-valentin-www.kafepauza.mk_

4. Watermelon Martini – Мартини со вкус на лубеница

Потребни состојки:
  • 90 мл Ketel one citroen, вотка со вкус на лимон
  • 30 мл Watermelon Pucker, вотка со вкус на лубеница
  • 15 мл Triple sec (жесток, но сладок ликер со вкус на портокал)
  • Малку лимонада
  • Малку 7-Up

Сите состојки измешајте ги во шејкер заедно со мраз. Налејте го коктелот во висока чаша за мартини.

5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

5. Blushing lady – Срамежлива дама

Потребни состојки:
  • 30 мл ликер од калинка
  • 60 мл вотка
  • 30 мл сок од црвен грејпфрут
  • Кора од лимон за декорација

По рабовите од чашата за коктел исцедете малку лимон, потем чашата свртете ја наопаку врз чинија полна со шеќер за да добиете зашеќерени краеви. Во шејкер ставете ги сите останати состојки заедно со мраз и промешајте. Сипете во декорираната чаша и додајте кора од лимон за декорација.

5 неодоливо секси коктели за св. Валентин

Погледнете уште коктели тука.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар