5 необични техники за справување со стресот кога сте под притисок

Иако е сосема нормално да бидете исплашени и целосно да се блокирате сред некоја стресна ситуација, тоа искуство може да биде навистина болно. Вашата самодоверба се намалува, а вие почнувате да се прашувате за вашите способности. Но не мора секогаш да биде вака. Со малку вежбање, многу лесно ќе останете полни со самодоверба и во најстресните ситуации. Погледнете ги овие необични, но ефективни техники кои ќе ви помогнат во тоа.

5-neobichni-tehniki-za-spravuvanje-so-stresot-koga-ste-pod-pritisok-kafepauza.mk

Ресетирајте го вашиот ум

Нашиот мозок се „блокира“ кога е под притисок бидејќи телото се чувствува преморено од ситуацијата и се исклучува. За да го прекинете овој циклус, користете некоја слика или мисла која ќе ви го одвлече вниманието и ќе ви го ресетира вашиот ум. Одберете мисла која нема никаква врска со ситуацијата, како на пример некоја шега која ќе ве опушти и ќе ви ја намали напнатоста. Со ова го ослободувате умот од моменталниот стрес и анксиозност бидејќи неговото внимание се насочува на нешто друго.

Техника за опуштено лице

Кога сме под стрес, првите делови од телото кои се „здрвуваат“ се вилицата и мускулите на лицето. Многу често ова е незабележително бидејќи е потсвесно и не сме ни свесни дека се случува. Па, кога ќе се најдете во стресна ситуација, обрнете внимание на вашата вилица и свесно опуштете ја. Ова ќе му даде сигнал и на остатокот од телото да се опушти. Ќе се чувствувате посмирено, ќе се намали анксиозноста и ќе размислувате подобро.

Прифатете го стравот

Справувањето со анксиозноста кога сте под притисок бара многу енергија. Во оваа состојба, спротивставувањето на овие чувства само ја влошува вашата анксиозност. Наместо да се спротивставувате, прифатете го нејзиното присуство, набљудувајте го и дозволете му да помине низ вас. На овој начин брзо ќе се вратите во сегашноста и полесно ќе се справите со ситуацијата.

Повикајте ги вашите стравови

Кога чувствуваме страв, нашиот ум може да ги зголеми негативните ефекти на нас. Сепак, кога ќе го изнесете стравот на отворено, ќе сфатите дека ситуацијата и не е толку лоша колку што сте мислеле. Па, повикајте ги вашите стравови и соочете се со нив. Од што се плашите? Што е најлошото нешто што може да се случи? Дали вашиот најголем страв може да стане реалност или пак, само претерувате? На овој начин ќе добиете перспектива на ситуацијата и ќе ја намалите анксиозноста.

Бидете светлината во собата

Нашиот говор на телото и нашето проектирање на енергија има големо влијание на нашата самодоверба. Проектирајте самодоверба со тоа што ќе замислите топка енергија која се шири од вас. Ова е ваше свето место. Носете се со оваа енергија на самодоверба која зрачи од вас. Кога ќе се движите со самодоверба, ќе се чувствувате подобро па и другите ќе го забележат тоа. А бидејќи другите реагираат и ја рефлектираат вашата енергија кон вас, резултатот е поголема самодоверба.

Движете се напред позитивно

Кога ќе ви застане мозокот сред некој важен момент, голема е веројатноста да ја изгубите самодовербата. Но тоа не мора да биде така. Некои едноставни техники може навистина да ви помогнат да останете смирени кога сте соочени со стресна ситуација. Замислете дека се чувствувате сигурно кога одговарате прашања без проблем. Бидете свесни дека без проблем ги изнесувате вашите ставови со самодоверба.

Сè што е потребно е само еден чекор. Одберете една или две техники кои ви одговараат и пробајте ги уште денес. Полека, но сигурно ќе станете личноста полна со самодоверба која навистина сте.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар