5 навики кои ги имаат еротичните жени

Што ја опишува еротичната жена? Дали таа е онаа која совршено комуницира со својата женственост и добро ја носи својата сексапилност? Дали таа зрачи со сигурност, поседува интелигенција и има силен став? Едно е јасно – таа е крајно слободна, а освојува со поглед, со начинот на движење и со држењето на телото.

5-naviki-koi-gi-imaat-erotichnite-zheni-kafepauza.mk

Но покрај ова, таа поседува и 5 навики кои ја издвојуваат од останатите.

1. Еротичната жена не влегува пребрзо во интимни односи

Еротичната жена е многу слободна и ужива во сексот, но таа добро размислува пред да се одлучи на интимен чин со новиот партнер, посебно ако сака сериозна врска и посветеност. Не се работи за жена која е ограничена со правила. Напротив, таа само знае дека избрзувањето со сексуалниот однос има превисока цена.

2. Таа е страсна во сè што прави

Дамата која зрачи со сексапил не е зависна од нејзиниот партнер, не се држи за него со сета снага. Мажот го прави нејзиниот живот поубав, но тој не е нејзиниот живот. Многу жени грешат и го поистоветуваат својот живот со животот на партнерот во надеж дека така ќе постигнат неверојатна блискост, но слободната и сигурна жена знае дека независноста не е препрека туку шанса за поубава врска. Привлечна е жената која го исполнува својот живот со интересни и важни потфати, смислува цели и ги исполнува, а често има сосема посебна кариера, хоби и сметки во банка.

3. Еротичната жена е емоционално стабилна

Жената која се одликува со еротичност и сила, е многу стабилна и смирена и знае да ја контролира својата лутина. Посакуваната жена знае дека среќата потекнува однатре, наспроти сите надворешни извори кои ја опкружуваат. Затоа креира стабилност и успева да ги задоволи своите емотивни потреби преку на различни начини – излегување со пријателките, редовно вежбање, ослободување од стресот со разни техники за опуштање. Така секогаш успева да биде топла, нежна и полна со разбирање и љубов кон својот партнер. Еротичната жена знае дека само со балансиран живот може да има среќна и успешна врска.

4. Таа ги познава своите граници

Силна е и не се плаши да зборува и слободно да ги изразува своите ставови. Тоа посебно се однесува на границите кои ги поставува во врската – како во сексот, така и во другите елементи од односот. Жената која се однесува како „чергиче“ не пробудува желба и интерес кај мажите. Од друга страна пак, еротичната и силна жена нема премногу барања и не бара посебен третман. Таа едноставно очекува одредено ниво на почит и не се плаши да ги изрази своите потреби.

5. Еротичната жена не брза во својот живот

Жените денес се борат со бројни притисоци – што да јадат, како да имаат убаво тело, кога е вистинското време за мажење, кога треба да раѓаат и слично. Но, овие притисоци и брзањето кое тие го повлекуваат се пречка во развојот и зацврстувањето на суштинската женственост, што жената ја доведува до погрешни избори и последици кои имаат висока цена.

Еротичната жена е сигурна во себе и во своите квалитети, има целосна контрола врз својот живот и го следи својот љубовен однос од ден во ден. Ако почувствува дека партнерството не е искрено и вистинско, таа попрво ќе одбере самотија со моќна женственост, затоа што таквата самотија за неа никогаш не трае предолго.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар