5-те најпопуларни диети: Откријте која е вистинскиот избор за вас

5-те најпопуларни диети: Откријте која е вистинскиот избор за вас

Колку диети сте пробале досега и како сте ги одбирале? Секоја диета гарантира намалување на тежината и подобрување на општата благосостојба на организмот, а никаде не се потенцира дека постои можност изгубените килограми многу лесно да се вратат, односно да се појави таканаречениот „јо-јо“ ефект, како и други негативни аспекти. Во продолжение запознајте се со предностите и недостатоците на 5-те најпопуларни диети.

5 најпопуларни диети: Откријте која диета е вашиот вистински избор

1. Аткинсова диета

Оваа диета својата популарност ја стекнала во 60-тите години на 20-тиот век кога луѓето со голема прекумерна тежина биле лечени во болница. Изворната диета имала ограничен избор на прехранбени производи и подоцна била прилагодена со тоа што почнала да вклучува овошје и зеленчук. Оваа диета препорачува зголемена консумација на белковини и масти, а намалено внесување јаглехидрати.

Гарантира: Нагло губење килограми уште на самиот почеток од диетата.

Предности: Краткорочните истражувања покажале одредено намалување на телесните масти, привремено подобрување на висината на мастите и стабилност на нивото на гликоза во крвта, мотивација поради брзото губење на килограми уште на почетокот (иако поголемиот дел од тоа е вода) и зголемено чувство на ситост.

Недостатоци: Тешко е да се спроведе оваа диета на подолг период бидејќи ограниченото внесување јаглехидрати влијае на изгладнетоста на телото и нормалното функционирање на мозокот, како и на нервниот систем кој зависи од гликозата што се добива од јаглехидратите. Зголеменото количество киселина во организмот и создавањето на кетонот поради високата консумација на протеини може да доведе до проблеми со бубрезите.

2. D.A.S.H. диета

Оваа диета наречена „Совладување на хипертензијата преку исхраната“ е обмислена кон крајот на 20-ти век врз основа на неколку големи истражувања спроведени за превенција и третирање на хипертензија. Со оглед на тоа што е корисна и за други хронични болести, диетата се нарекува уште и „диета за болести“. Се базира на овошје и зеленчук, мала количина чисто месо и ниско калорични млечни производи.

Гарантира: Намалување на тежината и на крвниот притисок.

Предности: Намалено насобирање на мастите во крвните садови, со што се намалува крвниот притисок, поради намалената консумација на црвено место и исхраната богата со витамини и минерали поради зголеменото внесување на овошје и зеленчук.

Недостатоци: За некои луѓе ограниченото внесување на црвено месо и благи работи би можело да претставува проблем, а оние кои имаат проблеми со бубрезите би требало да бидат претпазливи поради големата количина калиум во диетата.

3. Дукан диета

Дукан диетата се состои од 4 фази кои траат зависно од тежината која сакате да ја постигнете, односно колку килограми сакате да изгубите. Во првите две фази се инсистира на зголемено внесување протеини, а консумацијата на јаглехидрати и масти е ограничена.

Гарантира: Брзо губење на килограмите, видливо уште во првата фаза.

Предности: Брзо видливи резултати, но со тоа се губи и доста вода, појадокот е задолжителен и клучен за одржувањето на телесната тежина и се препорачува 30 минути на ден некаква физичка активност, што е доволно за брзи резултати кај дотогаш неактивните лица.

Недостатоци: Оваа диета е калориски рестриктивна бидејќи се внесуваат 1.100-1.300 калории дневно подолг период. Можна е заситеност поради ограничената листа на дозволени прехранбени производи во првите 3 фази, умор, непријатен здив, нервоза, констипација, проблеми со косата, кожата и ноктите поради намаленото внесување на јаглехидрати и масти што доведува до зголемување на количината на киселини во организмот.

5 најпопуларни диети: Откријте која диета е вашиот вистински избор

4. Диета со зелка

Оваа диета се базира на супата од зелка, а се препорачува да се држи една недела, во зависност од другите дозволени оброци.

Гарантира: Брзо губење на тежината за само една недела.

Предности: Во диетата клучен е еден производ, па лесно е да се запамети и спроведе, што лесно доведува до брзо губење на тежината поради ограниченото внесување калории.

Недостатоци: Заситеност и досада поради инсистирањето на едно исто јадење кое во големи количини може да предизвика подуеност, намалена консумација на масти и осиромашена исхрана. Посебно треба да внимаваат трудниците, дијабетичарите и луѓето кои имаат проблем со дигестивниот систем.

5. Диета по гликохемиски индекс (ГИ)

Гликохемискиот индекс е нумеричка скала која покажува колку брзо по консумирањето одредени производи ќе дојде до покачување на шеќерот (гликозата) во крвта. Храната со низок ГИ предизвикува мал пораст, додека храната со висок ГИ предизвикува нагло зголемен пораст на нивото на шеќер во крвта.

Гарантира: Слабеење со одржување ниско ниво на инсулин и контрола на чувството на глад.

Предности: Разновидна, здрава и хранлива исхрана, помага во случаи на дијабетес, рак на дебело црево и лесно се применува поради тоа што потребните прехранбени производи се лесно достапни.

Недостатоци: Можно е да се научат и да се разликуваат производите по ГИ бидејќи постои одреден ГИ за нив, но не и за готовите оброци поради многубројните можни комбинации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар