5 начини на кои можете полесно да пренесете лоши вести

Без разлика дали работите во здравството каде што постојано се среќавате со тешки дијагнози, или пак едноставно имате лоши новости кои сакате да им ги пренесете на вашите најблиски, секогаш мора да внимавате на зборовите кои ги користите со цел да ги заштитите оние на кои им соопштувате. Во овие ситуации не можете да си дозволите да бидете погрешно сфатени, ниту пак дополнително да ги повредите соговорниците. Токму затоа погледнете ги следниве 5 совети кои треба да ги имате на ум секој пат кога треба да споделите лоши вести…

5 начини на кои можете да пренесете лоши вести без притоа да мора да лажете

1. Кажете барем дел од вистината доколку мислите дека оваа личност има потреба да ја чуе. Без разлика за каков вид лоши вести станува збор, сепак со помош на начинот на кој ќе ги соопштите, вие можете да му/ѝ помогнете подобро да се справи со негативната порака.

2. Кажете поблага верзија доколку сметате дека тој/таа нема да може да се справи со сировата вистина. Можеби ќе ви биде потребно време да ги најдете позитивните страни на лошите вести, но тоа ќе биде одлична инвестиција доколку разговарате со чувствителна личност.

3. Следете ги принципите на теоријата за учтивост. Многу е важно да внимавате кога новостите вклучуваат потенцијална закана за самодовербата. Доколку сакате да ја заштитите индивидуалната репутација на оваа личност во надворешниот свет, вие треба внимателно да ги избирате зборовите со кои му/ѝ ја пренесувате новоста.

4. Одвојте време за да ја подготвите вашата порака. Потребно е големо когнитивно процесирање при пренесувањето лоши вести. Токму затоа обрнете особено внимание на значењето и можните интерпретации на вашите зборови. Откако некои зборови ќе бидат изговорени, невозможно е да ги вратите назад, па не брзајте многу со објаснувањето.

5. Потпрете се на другите за помош. Многу е важно да ги вклучите оние луѓе кои би можеле да придонесат за подобрување на ситуацијата. Без разлика дали станува збор за други членови на вашиот тим или пак, за семејството на личноста со која разговарате, секогаш е добро да се пренесуваат лоши новости со морална поддршка.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар